Пет проекти за 150.000 евра |
E hënë, 16 mars 2009 14:44 | |||
Околу 80 жители на Битола присуствуваа на четвртата форумска сесија, што во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ се одржа на 28 февруари 2009 година во ОУ “Елпида Караманди“. Жителите претходно ги утврдија проблемите кои сакаат да бидат решени. На оваа сесија презентираа, дебатираа и усвоија пет предлог-концепти за подобрување на секојдневниот живот во општината.
Проектот “Амбиентално уредување на училишниот двор и спортски комплекс во село Кишава“, чиј предлог-буџет изнесува 15 илјади евра, ќе придонесе за подобрување на условите за настава, спорт и рекрација во дворот на училиштето. Директни придобивка од тоа ќе имаат 110 ученици и околу 40-тина млади од селото што се наоѓа околу 20 километри јужно од Битола. Дури три проекти се однесуваат на Тумбе–кафе. “Тумбе-кафе - спортско рекреативен комплекс“ е замислен е како рекреативен центар за градот, особено за помладите. Според работната група предлог-буџетот би бил седум илјади евра. “Тумбе кафе –основна инфраструктура“ опфаќа: реновирање на водоводот, канализацијата, струјата, водата и осветлувањето, како претпоставка за изградба на летна сцена. Овој предлог-проект би чинел 30 илјади евра. И на крај, “Тумбе кафе - културна-историска знаменитост и можност“ опфаќа изградба на летна сцена на која би се одржувале различни културни манифестации. Предлог-буџетот на овој проект изнесува 50 илјади евра. Последниот предлог-проект е “Подобрување на јавните комунални услови во населбата Довлеџик“. Со него ќе се подобри инфраструктурата на населбата која, меѓу другото, нема ниту канализација ниту сообраќајни знаци. Предлог-буџетот за овој проект би изнесувал 48 илјади евра. Дискусиите што активно се водеа меѓу граѓаните содржеа и многу прашања за претставниците на општинската администрација чии претставници даваа одговори и заедно со граѓаните бараа решенија за проблемите. Наредната, петта форумска сесија, ќе се одржи во април.
|