Донесен новиот Статут на МЦМС |
E hënë, 17 nëntor 2008 16:14 | |||
Советот на МЦМС на својата 6-та редовна седница, одржана на 12 ноември 2008 година, го донесе новиот Статут на МЦМС. Клучните измени и дополнувања во новиот Статут се однесуваат на усогласувањето на целите, задачите и методите на работа, на подобрувањето на доброто управување, на подобрувањето на контролата и отчетноста, вклучувајќи судир на интереси, односи со други (правни) лица и уредување на статусни промени. Освен Статутот, членовите на Советот избраа и нов претседавач на Советот, го усвоија Правилникот за избори на органи на МЦМС, донесоа Одлука за бројност на Совет, Одлука за бројност на Управен одбор, Одлука за избор на Номинациски комитет и Одлука за избор на предлагачи – соодветни институции.
|