Методологија за следење на имплементацијата на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 и Акцискиот план за нејзино спроведување 2026-2030 - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Методологија за следење на имплементацијата на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 и Акцискиот план за нејзино спроведување 2026-2030 PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 04 gusht 2026 12:22

Автори: Снежана Камиловска Трповска и Лејла Тутиќ (МЦМС)
Датум: јули 2026
PDF MK: МЕТОДОЛИЈА_MK
PDF EN: МЕТОДОЛОГИЈА_АНГ
PDF ALB: МЕТОДОЛОГИЈА_AЛБ

magazin 1920 x 1080 px 1

 

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ја објави „Методологијата за следење на имплементацијата на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030 и нејзиниот Акциски план“.

Документот воспоставува јасен, доследен и проверлив механизам за мониторинг кој обезбедува цела прегледност врз спроведувањето на сите предвидени мерки и активности, правејќи суштинска разлика меѓу формалното исполнување на обврските и нивниот реален ефект во пракса. Главната цел на методологијата е редовно да го проверува временскиот напредок и реализацијата на обврските по надлежни институции, да следи дали мерките создаваат нова практична состојба и видливи промени, како и да обезбеди увид во тоа дали зад предвидените активности стои соодветна буџетска и финансиска поддршка. Мониторингот се темели на три основни столба и тоа следење на реализацијата, мерење на непосредните ефекти како и финансиско следење. Наодите се потврдуваат со вкрстување податоци од канцелариски истражувања, барања за пристап до информации од јавен карактер, интервјуа и информации од корисници.  

 Оваа методологија е изготвена во рамки на проектот „Градење општество отпорно на корупција“, кој е финансиски поддржан од Европската Унија.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Методологија за следење на имплементацијата на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 и Акцискиот план за нејзино спроведување 2026-2030