БЦСДН одржа работилница во Валона посветена на идните стратешки и дигитални чекори на мрежата - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

БЦСДН одржа работилница во Валона посветена на идните стратешки и дигитални чекори на мрежата PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 23 qershor 2026 10:20
Претставници на организациите членки на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН), меѓу кои и МЦМС, минатата недела се состанаа во Валона, Албанија, на тридневен настан посветен на стратешкото планирање и дигитализацијата на алатките за мониторинг на граѓанскиот простор во регионот. Работните средби се одвиваа од 16 до 18 јуни.
724804869 1418367163661059 1192748932565839361 n

Во стратешкиот дел, претставниците разговараа за позиционирањето на мрежата во контекст на новите регионални, европски и донаторски случувања и нивното влијание врз граѓанскиот сектор. Претставниците на организациите се осврнаа на клучните достигнувања, научените лекции и предизвиците од имплементацијата на актуелната Стратегија на БЦСДН, притоа дискутирајќи ги идните приоритетни области за застапување и регионален ангажман.  Посебно внимание беше посветено на идната улога на Матрицата за мониторинг и Системот за рано предупредување, чија цел е зајакнување на процесите за рано реагирање и мониторинг заснован на докази. Овие дискусии ќе користат како основа за подготовка на идните програми на мрежата.

 

Вториот дел беше техничка работилница на која експертите за Матрицата за мониторинг официјално ја отпочнаа третата валидациска фаза на дигиталната платформа „AI Matrix". Оваа иновативна платформа претходно успешно помина два филтри на проверка, од кои првиот се однесуваше на усогласувањето со самата методологија, рамката за бодување и логиката на проценка на Матрицата, додека вториот дел го потврди дигиталниот работен процес, односно успешното трансформирање на досегашното мануелно пополнување во автоматизиран систем на известување. Работилницата во Валона го означи почетокот на клучната трета фаза за тестирање и финализација на алатката.

На настанот, покрај претставници на МЦМС, учество земаа и Граѓански иницијативи од Србија, Партнерс Албанија за промена и развој, ЦРНВО Центар за развој на ГО од Црна Гора, Фондација за граѓанско општество Косово (КЦСФ) и Центарот за промоција на граѓанското општество (ЦПЦД) од Босна и Херцеговина.
 
 

Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme БЦСДН одржа работилница во Валона посветена на идните стратешки и дигитални чекори на мрежата