Мониторинг посетите ја потврдија одржливоста на партнерствата и резултатите од грантовите - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Мониторинг посетите ја потврдија одржливоста на партнерствата и резултатите од грантовите PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 28 maj 2026 11:22

Во периодот од 8 до 21 мај, тимот на Цивика мобилитас реализираше посети за мониторинг на организациите корисници на  грантови. Посетите се одвиваа во просториите на организациите носители на проектите, а на средбите најчесто присуствуваа и претставници на партнерските организации.

Со оглед дека најголем дел од проектите влегуваат во завршна фаза, посетите беа можност за разговори со организациите за искуствата од спроведувањето на грантовите, предизвиците со кои се соочиле, постигнатите резултати, но и за вредноста на партнерствата што се развиле во текот на соработката.

20260512 fondacija za internet i opshtestvo metamorfozis skopje 5 2048x962

Во посетите беше вклучен целиот тим на Цивика мобилитас, а разговорите се одвиваа во Скопје, Битола, Гостивар, Куманово, Неготино, Струга, Струмица и Штип.

Покрај административните и програмските аспекти, фокусот на разговорите беше ставен на промените што грантовите ги поттикнале во организациите и заедниците, научените лекции, новите иницијативи што произлегле од соработката и можностите за понатамошно заедничко дејствување.

Тимот имаше можност одблиску да слушне како организациите ги градат партнерствата, како се справуваат со локалните предизвици и на кои начини проектите придонесуваат за посилно граѓанско учество, вмрежување и локален развој.

Едно од најзначајните согледувања од посетите е дека партнерствата воспоставени преку грантовите на Цивика мобилитас во огромна мерка прераснале во нешто повеќе од формална проектна соработка. Речиси сите посетени организации го оценија своето партнерство како успешно, функционално и, што е особено важно, одржливо и по завршувањето на грантот.

Организациите ги истакнуваа довербата, комплементарноста на експертизите и редовната комуникација како клучни елементи на успехот. „Партнерството го оценуваме како исклучително успешно, функционално и комплементарно“, велат претставниците на ХЕРА, кои заедно со партнерите „Заедно посилни“, ЕСЕ и Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари изградиле модел на координирано застапување во областа на јавното здравје.

20260521 helsinshki komitet za chovekovi prava skopje 5.jpg edited 768x432

Кај Извидничкиот поречански одред „Крсте Јон“ од Струга, партнерството добило и поширока општествена димензија: преку заедничките работилници, кампови и локални активности со млади од Дебар, Охрид и Струга, се создале нови пријателства и соработка меѓу млади Македонци, Албанци и Роми. „Проектот не придонесе само за подигнување на еколошката свест, туку и за градење култура на соработка, заедничка одговорност и активен заеднички ангажман во заедницата“, посочија од организацијата.

Паралелно со градењето партнерства, организациите постигнаа и конкретни резултати, многу од нив надвор од она што првично го планирале. ХЕРА постигна конкретни системски промени во здравствените политики: беше спречено кратење на средствата за Програмата за заштита на населението од ХИВ, беа зголемени средствата за контрацепција и медикаментозен абортус, а за прв пат по речиси десет години беше ажурирана Есенцијалната листа на лекови со вклучување на орално контрацептивно средство.

Женската граѓанска иницијатива Антико од Скопје преку застапувачки процеси придонесе воведување на шест бесплатни ваучери за ин витро фертилизација (ИВФ) за парови и за проширување на позитивната листа на лекови со антикоагулантна терапија. „Директно влијание врз националните здравствени политики и силен пример за ефективно граѓанско застапување“, велат од организацијата.

20260512 fondacija za internet i opshtestvo metamorfozis skopje 2 edited 768x432

Метаморфозис забележа мерлив напредок во транспарентноста на локалната самоуправа, каде просечната отвореност на општините пораснала од 27 отсто во 2022 на 40 отсто во 2025 година, а општина Струга самоиницијативно побарала да се приклучи кон платформата мЗаедница.

Про Локал од Битола воспостави Регионална платформа за млади, преку која девет општини и десет граѓански организации редовно соработуваат, а еден од конкретните резултати е иницијатива за промена на буџетскиот циркулар потпишана од девет градоначалници и испратена до Министерството за финансии.

Центарот за граѓански комуникации за свое најголемо постигнување го смета тоа што за прв пат во земјата јавно се објавени имињата на вистинските сопственици на фирмите кои добиваат договори за јавни набавки, со што Македонија се нашла меѓу ретките земји во светот каде ваквите информации директно се користат во борбата против корупцијата.

20260512 zdruzhenie na gragjani centar za gragjanski komunikacii cgk skopje 1 768x429

Во текот на посетите, организациите споделија и искуства поврзани со видливоста и комуникацијата на своите активности.

Мониторинг посетите потврдија дека грантовите на Цивика мобилитас создаваат ефекти кои ги надминуваат планираните резултати. Организациите ги реализираа своите проектни цели, изградија одржливи партнерства, ги зајакнаа капацитетите, постигнаа конкретни политички промени и создадоа коалиции кои продолжуваат да дејствуваат самостојно.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Мониторинг посетите ја потврдија одржливоста на партнерствата и резултатите од грантовите