| Во каква средина работат организациите чиј фокус се родовите прашања |
|
|
|
| E premte, 30 janar 2026 10:32 | |||
|
Македонскиот центар за меѓународна соработка го објави „Истражувањето во фокус: мониторинг на овозможувачката околина за организации кои работат во областа на родовата еднаквост и правата на жените", кое обезбедува сеопфатна, анализа заснована на докази на условите во кои делуваат овие организации во Северна Македонија.
Наодите покажуваат дека овие организации се соочуваат со фрагментација и слаба координација. Ова ги ограничува можностите за структуирана соработка и заедничко застапување. Поранешните граѓански платформи во голема мера се неактивни што остава празнина во ефективното претставување на заедничките интереси. Покрај тоа, женските активистки и организациите фокусирани на родовите прашања се имаат проблем со капацитетите, често немаат доволна институционална и професионална поддршка за развој на лидерство, менаџерски вештини и долгорочна одржливост. Што се однесува пак до финансирањето, тоа останува високо нестабилно, при што општините покажуваат ограничена одговорност за поддршка на суштинските услуги, а владините механизми се ранливи на политичко влијание. Проектите финансирани од ЕУ и меѓународните донатори често се соочуваат со пречки поради слаби или непостоечки обврски за кофинансирање од страна на државата. Резултатите од истражувањето исто така покажуваат дека иницијативите предводени од жени, програмите во земјоделството и академските истражувања во областа на родовите студии остануваат недоволно финансирани и слабо препознаени, и покрај нивното значење за социјалната и економската инклузија. Родoвата еднаквост и правата на жените често се маргинализирани во јавниот дискурс, со ограничен број кампањи или напори за нормализирање на учеството на жените во донесувањето одлуки и граѓанскиот живот.
Сите заклучоци од оваа анализа се преточени во препораки кои можат да одговорат на актуелните предизвици. Податоците за истражувањето со собирани во текот на 2025 година преку кабинетско истражување, полуструктурирани интервјуа со претставници на граѓанските организации, активисти и институционални чинители, и преку анализа заснована на случаи.
|