Дигиталната трансформација – можност за зголемување на капацитетот и влијанието на граѓанските организации - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дигиталната трансформација – можност за зголемување на капацитетот и влијанието на граѓанските организации PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 25 tetor 2024 08:07

„Дигиталната трансформација не е само тренд во глобалните промени, тоа е можност за зголемување на капацитетот и влијанието на граѓанските организации, кое е возможно само со заеднички напори на академската фела, бизнис заедницата и граѓанските организации” беше истакнато на онлајн дебатата за Дигитална трансформација на граѓанските организации, организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2” на 21 октомври 2024 година на платформата ЗООМ.

image1 result MCMS

Целта на настанот беше да се отвори дискусија за важноста на дигитализацијата и да се презентираат и продискутираат начините на кои граѓанските организации (ГО) можат да ги применат дигиталните алатки за да го подобрат своето работење, транспарентност и влијание.

За улогата на вештачката интелигенција во подобрување на граѓанското учество и креирањето политики во дигиталната ера и примената на вештачката интелигенција за подобрување на општественото влијание зборуваапроф. д-р Горан Шибаковски, Декан на Факултетот за Применети ИТ, и проф. д-р Александар Карадимче, Декан на Факултетот за Информатички и Комуникациски Науки при УИНТ Св. Апостол Павле Охрид.

image2 result MCMS

„Од суштинско значење е да се поттикнуваат организациите да ги користат алатките на вештачката интелигенција, а не да ги сфаќаат како закана од замена на работните места на луѓето“ изјави проф. д-р Карадимче, потенцирајќи дека „човекот е тој кој на крајот ја валидира, одобрува и ја пушта во јавна употреба содржината добиена од вештачката интелигенција“. Во тој процес, додаде проф. д-р Шибаковски, „освен стручниот аспект на човекот кој ја валидира добиената содржина, секогаш треба да се мисли и на надминување на предизвиците поврзани со етичноста, приватноста и злоупотребата на истата“.

image3 result MCMS

Проф. д-р Моника Марковска од Факултет за информатички и комуникациски технологии, Универзитет Св. Климент Охридски Битола и претседателка на Здружението за социјални иновации ВР Лаб од Битола зборуваше за важноста на ИТ решенијата и социјалните иновации во корист на зголемување на влијанието и одржливоста на граѓанските организации. Во оваа насока, како добри примери од оваа сфера таа ги истакна проектот за Развој на вештини и изучување занаети во виртуелна реалност, како и проектот за Дигитална инклузија на возрасни Роми кои придонесоа, преку образование од областа на ИТ технологијата и развивање на дигитални вештини и компетенции, да се оспособи возрасната популација и социјално исклучените луѓе да користат достапни електронски услуги во нивните околини и да бидат подобро вклучени во нивните заедници и општества.

М-р Атанас Гоџоски, Директор на ИТ компанијата Ангор АГ презентираше неколку успешни примери за дигитална трансформација во граѓанскиот и во јавниот сектор, примери за успешни дигитални решенија и социјални иновации од областа на телемедицина, иновативен туризам, е-заштита на животната средина и е-алатка за заштита на електрична енергија, имплементирани во Македонија и нивното влијание за постигнување значителни промени.

image4 result MCMS

Г-н Дамјан Дано консултант за дигитална трансформација и основач на Aqtos и IWM Network зборуваше за практичната примена на алатките за дигитална трансформација и потенцијалот на вештачката интелигенција во револуционирање на работата на ГО, особено во областа на автоматизација на повторувачки задачи и ослободување на време и ресурси за стратешки иницијативи, оптимизација на работните процеси и персонализирана комуникација, како еден од начините за создавање на посилни врски со конституентите.

Во вториот дел од настанот, присутните дискутираа за можностите и предизвиците со кои се соочуваат организациите во поглед на дигитализацијата, поврзани главно со: начините за користење на дигиталните алатки во услови кога ГО имаат ограничени ресурси, користење на можностите за работа од „виртуелни канцеларии“, како и етичноста при користење на овие алатки, со посебно внимание на законските одредби поврзани со авторските права на користените извори на информации.

Погледнете ја снимката од дебатата „Дигитална трансформација на граѓанските организации”

Настанот е дел од проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Спроведуван е од Националната фондација за развој на граѓанското општество „Граѓански ресурсен центар“, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Асоцијацијата за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар и Медиа плус, Штип.


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Дигиталната трансформација – можност за зголемување на капацитетот и влијанието на граѓанските организации