Цивика мобилитас поттикнува подобра комуникација и видливост на граѓанските организации - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Цивика мобилитас поттикнува подобра комуникација и видливост на граѓанските организации PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 29 gusht 2024 13:43

На 27 август 2024 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје, се одржа работилница посветена на комуникациите на Цивика мобилитас и на граѓанските организации.

0 02 05 8809621bd04f9830dbc4cf698c900bb318cc16825fe7dc617496c7e990f05aa9 ed8c1421d5bc5181

Вкупно 34 претставници од 33 граѓански организации, актуелни добитници на грантовите за граѓански ангажман, дискутираа за комуникацисите предизвици и како полесно да ги следат правилата за успешно известување за постигнувањата.

0 02 05 2104fc304a65848059f45ff8304b8a2d503cd05e0564ad2f8d2911fe5484f120 b53aed84d22b9281

Сите се согласија дека е важно да се стави поголем акцент на споделувањето на постигнувањата од ангажманите наместо информирање само за реализација на активностите. Иако информирањето за активности останува значајно, клучно е да се пренесат резултатите и ефектите на нивните ангажмани, што може да помогне во подобрување на јавната свест и перцепција за делувањето на граѓанските организации.

0 02 05 02cfb93e02622f1a6383a38569450ac185b55c3c8ba74530291c1336ce67515b 438debbe8296b615

Во текот на работилницата, дел од учесниците ги споделија своите искуства за комуникацијата со медиумите и за ефикасна употреба на медиумските платформи за зголемување на видливоста и влијанието на нивните активности. Дискутирани беа и прашањата за видливоста, употребата на логоата, процесот на известување за настани и слично. Тимот на Цивика мобилитас ги презентираше ресурсите кои им се на располагање на грантистите, нагласувајќи ја употребата на хаштаговите и спомнувањата (mentions) на профилите на Цивика мобилитас и СДЦ за зголемување на досегот на информациите. Истотака, беше презентирана и новата е-платформа или веб сајт на Цивика мобилитас, кој нуди многу опции за поддршка на комуникациските напори на грантистите. Сепак, дали овие опции ќе бидат искористени или не, зависи целосно од грантистите и од нивната активна употреба.

0 02 05 a8fe3c0f6057d9ae5800ad32d9a207bf278f330a7706a4eb43b4e885a48f1e79 1e1a7fd68c4a9362

Учесниците беа поттикнати да ги разберат комуникациските навики на нивните целни групи и да ги адаптираат своите стратегии за постигнување на подобри резултати. Иако објавувањето на социјалните мрежи е брзо и едноставно, важно е и редовното објавување на веб-страниците. Дополнително, беа разгледани и споредени примери од фотографии, објаснувајќи ја важноста на добро селектирање квалитетни фотографии за добра приказна или позитивна слика во медиумите.

0 02 05 575e080f9cfc10e20b2cbc89a9701d6c4330b9e25dfd3dca04866427ca70c03e 1d293fa30f76cb5
На крајот од работилницата, учесниците изразија согласност за засилување на комуникацијата и соработката помеѓу себе, додека тимот на Цивика мобилитас ќе продолжи да нуди поддршка за подобрување на комуникациските стратегии на граѓанските организации.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Цивика мобилитас поттикнува подобра комуникација и видливост на граѓанските организации