Реакција: Платформата на граѓански организации за борба против корупција бара да се врати во функција порталот „Отворени финансии“ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Реакција: Платформата на граѓански организации за борба против корупција бара да се врати во функција порталот „Отворени финансии“ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 26 gusht 2024 09:38

Платформата на граѓански организации за борба против корупција остро го осудува оневозможениот пристап на јавноста до информациите од Трезорот и бара итно да се врати во функција порталот „Отворени финансии“.

20190226 155809 platforma bpk

Платформата на граѓански организации за борба против корупција бара од Министерството за финансии да се овозможи непречен пристап, континуирано и навремено ажурирање на податоците на порталот „Отворени финансии“ и нивна достапност во отворен формат, како што и беше досегашната практика.

Порталот „Отворени финансии“ на кој се објавуваат податоците за реализација на трансакции на сите буџетски корисници на Буџетот на Република Северна Македонија, последен пат е ажуриран на 17.6.2024 година. Согласно преземените обврски во рамки на Партнерството за отворена власт и досегашната пракса, податоците на порталот се ажурираат два пати во текот на месецот, што значи дека повеќе од два месеци порталот не ја извршува својата функција.

За потсетување, воведување на порталот „Отворени финансии“ е една од најзначајните реформи со кои се унапредува проактивната транспарентност на државните институции. Како дел од Партнерството за отворена власт, оваа активност беше оценета како заложба со амбициозен дизајн и успешна имплементација која воведе исклучителни промени во институционалните практики.

Платформата ја потсетува Владата на Република Северна Македонија дека во предизборието беше ветено дека ќе се зголеми бројот на отворени податоци и нивно ажурирање. Со сегашната состојба на „Отворени финансии“, Платформата стравува дека процесот се движи во спротивна насока.

Со почит,
Платформа на граѓански организации за борба против корупција

Реакциајта можете да ја преземете тука:  Македонски | Албански


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Реакција: Платформата на граѓански организации за борба против корупција бара да се врати во функција порталот „Отворени финансии“