Потенцијалот на регионалните ревизорски институции во борбата против корупцијата останува во сенка - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Потенцијалот на регионалните ревизорски институции во борбата против корупцијата останува во сенка PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 23 korrik 2024 12:16

Во документот за јавни политики, Мрежата СЕЛДИ, прави анализа на работата на ревизорски институции во шесте земји од Западен Балкан и дава препораки за подобрување на нивната ефективност и спроведување на препораките и наодите.

revizija za otchetnost neiskoristen potencijal vo prevencijata i borbata protiv korupcijata

Прво и најважно, правната рамка мора да гарантира независност за да се спречи политичко мешање. Независноста мора да биде не само правна, туку и фактичка, за да се осигура вистинската автономија на овие институции. Ова подразбира обезбедување соодветни ресурси, како што се финансии, персонал и технологија. Висококвалитетните ревизии зависат од вештините и експертизата на персоналот. Ревизорските институции мора да имаат автономија во управувањето со нивните буџети и операции за да функционираат ефикасно.

Ефективното функционирање на ревизорските тела пак е од суштинско значење за транспарентноста и отчетноста во управувањето. За подобрување на нивните перформанси, препорачливо е зајакнување на законските рамки за да се обезбедат сеопфатни ревизорски мандати, зајакнување на оперативната автономија, заштита од политички назначувања и влијанија, обезбедување на потребните човечки, технички и финансиски ресурси, како и спроведување на еднолиниски буџетски практики за финансиска независност.

Документот покажува дека пост-ревизорската фаза е од клучно значење во сите земји од Западен Балкан. Обезбедувањето на ефективно соопштени и имплементирани наоди од ревизијата и препораките, како и активно вклучување на засегнатите страни и парламентите е од витално значење за квалитетот и влијанието на ревизорските услуги.

Анализата покажува дека ревизорските институции се соочуваат со предизвиците во транспарентност и пристапот до информации, опструкцијата од институциите и ниските стапки на имплементација на нивните препораки без постоење на функционални механизми за спроведување на препораките. На крај се препорачува ревизорските тела да ја зајакнат соработката помеѓу ревизорските институции и антикорупциските агенции, сите засегнати страни да работат на подигнување на јавната свест и медиумите да го зголемат интересот и соодветно да информираат за работата на ревизорските тела, со цел да се подобри транспарентноста и отчетноста во управувањето.

Целиот документ може да го прочитате тука: Ревизија за отчетност: Неискористен потенцијал во превенцијата и борбата против корупцијата


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Потенцијалот на регионалните ревизорски институции во борбата против корупцијата останува во сенка