Борбата со корупција ќе трае, потребен е заеднички притисок за видливи резултати - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Борбата со корупција ќе трае, потребен е заеднички притисок за видливи резултати PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 07 dhjetor 2023 19:19

Преку заедничко делување на сите засегнати страни ќе бидеме поблиску кон победа во борбата против корупцијата. Тоа се заклучоците од денешните панел дискусии одржани денес, на вториот ден на Отворениот форум за антикорупција што е дел од програмите Граѓаните против корупцијата (ГПК)  и Регионалната мрежа за антикорупција (СЕЛДИ). 

998A3053 Custom

Главниот панел беше посветен на одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупција. Билјана Ивановска, претседателката на ДКСК изјaви дека транспарентноста, чесноста и професионалноста ќе го одбележат нивниот мандат. „Oставам аманет дека секретаријатот треба да продолжи да работи, да се екипира бидејќи ова не е ни половина од капацитетот со кој треба да работи, впрочем тоа е и препораката на меѓународната заедница“ додаде таа. 

7IV03581 Custom

Мери-Мадлен Канелопулу, раководителката на операции во ДЕУ, во нејзиниот говор истакна дека борбата против корупцијата е долга, вклучително и за ЕУ, и токму затоа напредокот на ова поле е клучен за приклучување на земјата во ЕУ. Воедно, посочи дека се потребни посветеност и заложби на сите институции, граѓаните, како и напредок во правната рамка. 

7IV03775 Custom

„По изминатите случувања видовме дека институциите можат брзо да делуваат и имаат капацитети“, кажа Александар Кржаловски, директорот на МЦМС во неговото обраќање. Воедно, ја потенцира важноста на извештаите на ДКСК и ДЗР и побара да се постапува согласно нивните препораки, како согласно извештаите на граѓанските организации. „Нашиот Извештај за проценка на корупцијата нотира дека корупцијата е број еден проблем според граѓаните, на секој трет човек му било побарано мито, а повеќе од половина милион луѓе учествувале во корупција. Причината за тоа сметаат ¼ од испитаниците е бидејќи така побрзо се завршува работа“ додаде тој. 

7IV03835 Custom

Форумот денес понуди  четири паралелни сесии кои беа посветени на борбата против корупција во приватниот сектор, институционалната отвореност кон спречување на корупцијата и состојбата во јавните набавки во Западен Балкан. Организатори на панел дискусиите беа: Стопанската комора на Северна Македонија, Метаморфозис, Транспаренси Интернешнл Македонија, и Балкан Тендер Вач

Настанот се заокружи со две сесии водени од медиумските куќи, партнери во програмата и Балкан Тендер Вач. Сесиите беа  посветени на истрагите засновани на медиумски извештаи, како значајна алатка во борбата против корупцијата и недостатоците во системот на корупција во јавните набавки. 

Ова е прв Отворен форум за антикорупција кој се организира како дел од програмите „Граѓаните против корупцијата“ подржана од УСАИД  и „Регионалната мрежа за антикорупција“ подржана од ЕУ.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Борбата со корупција ќе трае, потребен е заеднички притисок за видливи резултати