Три децении битка за општествени промени |
E enjte, 14 dhjetor 2023 14:07 | |||
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) денес одбележува 30 години од основањето. Воспоставена на почетокот на независноста на новата држава, организацијата ја посвети својата работа на правење промени првенствено на ранливите категории, а потоа и на сите граѓани. Денес, 30 години подоцна, со задоволство можеме да кажеме дека промените не доведоа до добри резултати. Тие ги препознаваме на многу полиња на нашата работа. Такви се проектите за демократизирање на земјата, активностите за заштитата на човековите права на ранливите групи сограѓани, на жените и децата, на Ромите, на лицата со хендикеп итн. Голем број од овие активности ги направивме поддржувајќи ги граѓанските организации затоа што тоа е одлика на МЦМС, да работи со другите и да ги поддржува во заедничките каузи за посилно граѓанско општество. На тој начин, застапувајќи ги интересите на граѓаните, обезбедивме да се опфатат многу повеќе области каде граѓаните констатирале проблеми за кои бараат решенија. Некои од проблемите на кои одговаравме се уште не се надминати, некои се само ублажени. Но ние сме уште тука, подготвени за тие старо-нови предизвици. Денес, во битките за добро управување и борба против корупцијата, вкоренето и влијателно граѓанско општество, социјална инклузија и кохезија ги мобилизираме колегите од граѓанскиот сектор но и граѓаните кои сакаат и можат да помогнат. Заедно да ги потсетуваме одговорните, да бараме отчет и да помагаме таму каде што е потребно и таму каде што можеме. А можеме, тоа го докажавме во изминатите години работа, со претходните и актуелни над 1700 проекти и буџет од над 70 милиони евра кои беа насочени кон граѓаните, организациите и институциите. Денес, МЦМС како искусна и стабилна организација, отпорна на влијанија, решителна во надминувањето на предизвиците има силен поттик да продолжи по курсот на промени во општеството кои ќе бидат за добробит на сите македонски граѓани.
|