Цивика мобилитас ги додели новите осум грантови - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Цивика мобилитас ги додели новите осум грантови PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 06 dhjetor 2023 20:12

Со овој повик, Цивика мобилитас го приоретизира здружувањето на силите на граѓанските организации и концентрирањето на нивните достигнувања во неколку области/теми, за да постигнат промени таму, каде претходно работеле одделно. Избраните партнерски грантови придонесуваат за креирање политики и донесување одлуки што е придобивка од зајакнатото граѓанско општество и зголеменото граѓанско учество. Грантови се наменети за поддршка на конкретни акции за унапредување на демократското владеење или поконкретно за отчетноста, транспарентноста, ефикасноста и учеството во областите: децентрализација, родова еднаквост/социјална инклузија, антикорупција, климатски промени/животна средина, здравство, образование и млади.

mcms6496 scaled

Проектите ќе опфатат активности поврзани со зелената агенда, со инклузивниот развој, дигиталната трансформација на локално ниво, со здравствените права на ранливите категории граѓани и особено со жените и девојките, со борба против корупцијата итн.

Поддржаните акции ќе се спроведуваат во сите осум региони. Вкупно 15 организации ќе работат во Скопскиот, 11 во Пелагонискиот, три во Полошкиот по две во Југоисточниот и Југозападниот, а по една организација во Источниот Вардарскиот и Североисточниот регион.

На повикот што беше отворен до 30 август 2023 г. пристигнаа 102 пријави на вкупно 351 граѓанска организација. Од нив, 102 организации се пријавија како носители, а 249 како партнери. Сите ги исполнија административните критериуми и беа доставени до Комисијата за оценка пријавите.

Женска граѓанска иницијатива АНТИКО, Скопје во партнерство со Здружението за мултикултурна афирмација и едукација на жените во руралните средини СЕКОГАШ СОЖИВОТ, с.Канатларци, Прилеп и Здружение за образование и култура АДРИОН с.Требош, Желино ќе го спроведуваат проектот „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“. 

Здружение на граѓани ЦЕНТАР ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ Гевгелија во партнерство со Здружение за еко животна средина-зелен раст и одржлив развој, ЕКО-ЗЕЛЕНО ДВИЖЕЊЕ, Берово; Регионално географско друштво ГЕОСФЕРА- Битола; Здружение за екологија и туризам ЕКОТУРИЗАМ – 2016 Охрид; Здружение на млади КРЕАКТИВ Скопје; Фондација за локален развој и развој на ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ Гевгелија; Здружение НАЦИОНАЛЕН РОМСКИ ЦЕНТАР Куманово; Здружение Еколошко друштво ЕКО ЕКШН ECO ACTION Тетово ќе го спроведуваат проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелена агенда за Западен Балкан на локално ниво“.

Здружение Форум за разумни политики, Скопје во партнерство со Институт за општествени и хуманистички науки Скопје и Здружение-Балкански институт за регионална соработка БИРС Тетово ќе го спроведуваат проектот  Застапување за инклузивен развој “.

Фондација за интернет и општество Метаморфозис, Скопје во партнерство со Здружение Центар за социјални иновации БЛИНК 42-21 Скопје и  Рурална Коалиција Кичево ќе го спроведуваат проектот „(ДИГИЛОК) дигитална трансформација на локално ниво – вклучена заедница за отпорност на корупција“.

Здружение на граѓани за унапредување на развојните процеси ПРО ЛОКАЛ, Битола во партнерство со Здружение на млади ЕМПАУРИНГ, Крушево; Здружение на млади УРБАНО ГНЕЗДО,  Кривогаштани; Здружение-Центар за млади ПЕЛАГОНЦИ ЕТНОС с.Дебреште, Долнени; Здружение за напредно современо образование ВОЛВОКС-Битола; Здружение за европска интеграција ЕВРОПСКА ГЛЕДНА ТОЧКА Горно Оризари Битола; Здружение МЛАДИНСКИ СОВЕТ Прилеп; Здружение за заштита на животната средина ЕКО ГЕРИЛА ПРЕСПА Ресен и Здружение на граѓани за афирмација на културата и развој на рурален туризам ГРАЃАНСКА АКТИВА ИКАРУС Демир Хисар ќе го спроведуваат проектот „Младински политики по мерка на младите“.

Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК, Скопје во партнерство со Здружение Центар на активни граѓани АКТИВО Велес и Здружение на даночни советници на Република Македонија ЗДСРМ Скопје ќе го спроведуваат проектот „Користење на податоците за вистинските сопственици за намалување на корупцијата“.

Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА, Скопје во партнерство со Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ -ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје; Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените Скопје и Здружение ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПРАВАТА НА ЖЕНИТЕ ОД ШУТО ОРИЗАРИ Скопје ќе го спроведуваат проектот „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“.

Центар за младински активизам ЦМА-КРИК, Скопје во партнерство со Здружение Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ-Скопје и Здружение на СОЦИЈАЛНИ РАБОТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА Скопје ќе го спроведуваат проектот „ЗЗЗ- заеднички за зелено застапување за заштита на животна средина“.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Цивика мобилитас ги додели новите осум грантови