Јовески да поднесе оставка, побара Платформата на граѓански организации за борба против корупција - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јовески да поднесе оставка, побара Платформата на граѓански организации за борба против корупција PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 17 gusht 2023 13:30

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата денеска побара оставка од Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, поради постапувањето на јавното обвинителство во врска со пожарот во тетовската модуларна болница каде 14 лица го загубија својот живот.

izjava pred obvinitelstvo

„Од изведеното во документарецот „Убиство во Тетово“, истрагата на јавното обвинителство за случајот не е целосна и не е ги цени доволно заклучоците изнесени во Службената експертиза на германските експерти, како резултат на што во јавноста се разгоруваат сомнежи за непрофесионално постапување на обвинителството и занемарување на околности кои можат да ги прошират обвиненијата и да инкриминираат други лица“, велат од Платформата за антикорупција.

Од таму додаваат дека на ова се надоврзува и фактот што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција сѐ уште ги истражува наводите за корупција при спроведувањето на јавните набавки во случајот и покрај тоа што веќе е пречекорен рокот од членот 301 од ЗКП, а притоа во јавноста не се понудени никакви образложенија ниту за тоа зошто е продолжуван рокот согласно ставовите 2 и 3 од истиот член, ниту зошто и покрај ова продолжување истрагата не резултира со завршница.

Претставниците на граѓанските организации членки на Платформата доставија и официјално писмено барање за оставка на Јовески до Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈОРМ).

Барањето за оставка на македонски јазик може да го прочитате тука.

Барањето за оставка на албански јазик може да го прочитате тука.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Јовески да поднесе оставка, побара Платформата на граѓански организации за борба против корупција