Го сакам Голак - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Го сакам Голак PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 27 dhjetor 2022 17:25

Вкупно 49 граѓани и претставници на институциите од Делчево дојдоа на првиот Граѓански форум насловен „Го сакам Голак“ што го организираше Хуманитарното здружение „Бравура Кооператива“ на 23 декември 2022 година. Тие зборуваа за децениските проблемите со овој туристички локалитет, за детското одморалиште, за последиците од неоодветните политики, за досегашните иницијативи, за потребите на граѓаните и градот, за економските аспекти и развојните можности, за бариерите кои се продукт на институционални недоречености итн. Граѓаните зборуваа и за заштитата од пожари и за заштитата на биодиверзитетот.

IMG 5893 MCMS

„Бравура Кооператива“ го организираше овој прв отворен настан за да ги информира и да ги мобилизира граѓаните заедно да ја алармираат локалната власт која во предизборната кампања ветила дека ќе бидат преземени активности и проекти за афирмација на туристички локалитет Голак и негова ревитализација. „Иницијативата има голема важност за граѓаните и за развојот на Голак“, рече Гоце Попов, претседател на Советот на општината. „На средбата беа кажани доста креативни идеи, идеи што ќе придонесат за развој и се надевам дека и во иднина ќе одржувате вакви собири и дека заеднички сите ќе придонесеме  за развојот на планината Голак“, додаде тој. 

„Сите вакви иницијативи се добри за да можеме да се собереме повеќе чинители и да дискутираме за предизвиците важни за вакви мали места како што е Делчево“, истакна Родне Деолска, од граѓанскиот сектор. Таа додаде дека сите се залагаат за промоција на планината Голак, затоа што има што да понуди, не само за локалните жители туку и пошироко и за потенцијаните туристи. „Проблемите кои се случуваат со Голак се во надлежност и на други институции, не само на општината, но периодот додека се решат може да го искористиме за правење на повеќе активности кои ќе значат промоција на планината Голак“, рече Деолска. Таа потсети дека оваа планина е богата со билки и дека постои патека на билките, дека има адреналински патеки, патека за велосипедизам и други ресурси кои можат да се искористат да привлечат повеќе туристи.  Присутните се согласија дека Голак може да понуди многу и дека е потребно повеќе да се  работи на активности со кои ќе се привлечат луѓето да го посетат: повеќе настани – повеќе луѓе на Голак. Учесниците се согласни дека е потребно интензивно влијание и притисокот врз  локалната власт која  мора да продолжи до конечно решавање на проблемот на граѓаните.

IMG 5887 MCMS

Здружението „Бравура Кооператива“ ги нотираше сите дискусии, предлози и препораки и ги  сумираше во заклучоци кои во вид на барања ќе бидат доставени до градоначалникот и советниците на општина Делчево. Барањата ќе ги презентира помала група граѓани кои беа предложени  за време на настанот. Овие барања ќе бидат доставени по одржувањето на вториот настан заедно со други информации кои ќе бидат собрани во меѓувреме. 

Спроведувањето на овој граѓански форум е овозможено со проектот  „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Го сакам Голак