Во земјава има три пати повеќе депонии од населени места - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Во земјава има три пати повеќе депонии од населени места PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 30 qershor 2021 15:58

„Управување со цврст отпад/депонии потреби наспроти можности” беше темата на традиционалниот Национален форум на Цивика мобилитас одржан денес, 30 јуни 2021г., во хотелот Александар Палас во Скопје.

VIK5475 1536x1024

Националниот форум го отвори НЕ Сибил Сутер Техада, амбасадорката на Швајцарија која им порача на присутните дека сите, и како институции и како граѓани, сме одговорни да и помогнеме на природата да се возобнови.

„Експертите предлагаат и креираат решенија кои се безбедни за сите. Од друга страна, граѓаните и граѓанските организации треба да бидат вклучени во процесот на планирање и имплементација, за да бидат сигурни дека надлежните институции ќе управуваат со отпадот на правилен начин“, рече амбасадорката Сутер Техада.

15 1536x1024

Во дискусијата учествуваа градоначалниците на Куманово и Гостивар и претставничка на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

„Дали ние како општество без разлика на политичката определба сме подготвени да платиме за услугите?“, праша Максим Димитриевски, градоначалникот на Куманово. Тој смета дека цените на услугите треба да бидат реални за разлика од фактичката состојба. „Државата и општините се многу лоши менаџери во оваа област. Да бевме добри немаше да биде ваква состојбата. Иднината е во јавно-приватно партнерство, додаде Димитриевски.

19 1536x1023

Градоначалникот Таравари се осврна на депонијата Русино, каде е планирана една од петте регионални депонии во државата. Тој истакна дека им се приклучиле на граѓаните и граѓанските приклучиле на протестите против локацијата на регионалната депонија. „Успеавме да издејствуваме краткорочно решение, Министерството да ја разгледа можноста за дислокација на оваа регионална депонија“.

6 1536x1024

Ана Мазнева – Каранфилова вели дека со граѓанскиот сектор треба да се дискутира за подигнување на јавната свест на граѓаните. „Тие се најкопетентни за ова прашање и можат да работат многу со граѓаните“. Таа истакна дека инвестициите во инсфеаструктура за отпад чинат многу пари кои делумно ги добиваат од швајцарската Влада, а за остатокот Владата ќе се задолжи кај Светската банка.

18 1536x1024

Претставниците на граѓанските организации дебатираа со панелистите колку локалната самоуправа одржува континуитет во стратегиите за управување со цврст отпад, каква е соработката меѓу институциите, општините и граѓанскиот сектор за јакнење на инспекцискиот надзор во оваа област, колку реално се работи на едукација на населението за придобивките од регионалните депонии и сл.

Лиле Поповска, претставничка од Граѓански инспекциски совет (ГИС) посочи дека еден од проблемите е тоа што системот за отпад не е доволно контролиран. Таа смета дека е потребна поголема координација помеѓу инспекторите на национално и локално ниво плус, потребно е да се вгради граѓанска контрола во инспекцискиот надзор.

VIK5564 1536x1024

Според Горан Видачек од Македонско – хрватстко друштво, треба да се воспостави комунална полиција за да се подобри состојбата на терен. Константин Караев од организацијата Чејнџмејкери, смета дека измените во Законот за отпад не се соодветни особено кога контролата и надзорот во државата се толку слаби.

За прв пат пред јавноста беше презентирана бизнис идејата на Зока енерџи солушн која се однесува на менаџирање со отпад и производство на енергија од него. Проектот предвидува собирање на отпад од 74% од територијата на државата и 48% од населението, што ќе доведе до затварање на сите депонии.

Лазе Филипов, претставникот на компанијата истакна дека во Македонија има три пати повеќе депонии од бројот на населени места и нивното решение веќе функционира во повеќе европски градови.

3 1536x1024

Покрај Зока енерџи солушн, своја презентација имаа и Пакомак кои се осврнаа на новите модели на селекција на отпад.

Националниот форум е првиот настан со физичко присуство кој оваа година го одржа програмата Цивика мобилитас, почитувајќи ги сите здравствени протоколи. Настанот го посетија 78 претставници на граѓанските организации.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Во земјава има три пати повеќе депонии од населени места