Грантистите на Цивика мобилитас дискутираа за придобивките од саморегулацијата - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Грантистите на Цивика мобилитас дискутираа за придобивките од саморегулацијата PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 23 qershor 2021 12:53

Првиот нацрт на „Кодексот за граѓански организации во Македонија“ беше презентиран вчера, 21 јуни 2021г. на онлајн работилница на која учествуваа 36 претставници на грантистите на Цивика мобилитас.

kodeks 1024x575

Оваа алатка има за цел да го зајакне системот на саморегулација и да придонесе до поголема професионалност и отчетност на граѓанските организации (ГО) со што се очекува да се зголеми довербата на граѓаните и донаторите во секторот.

Александра Савевска, соработник за проекти во Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во својата презентација информираше за потребата, подготовката и содржината на Кодексот за граѓански организации.

„Ова е добар почеток да ја градиме свестта за внатрешно подобрување, како сакаме да се водиме и што сакаме да постигнеме со нашата работа за подобар развој во опшеството. Сметаме дека една ваква алатка треба да се имплементира во секоја организација, се разбира постепено со мали чекори во делот кој може да се подобри“, истакна Савевска.

999999

Kодексот опфаќа седум основни вредности што ја опишуваат работата на граѓанските организации и осум заложби, преточени во 45 стандарди т.е. принципи на работа.

Кратката анкета што се спроведе на почетокот на работилницата, во која учествуваа сите, ја покажа перцепцијата на присутните дека јавноста (граѓаните, приватниот сектор, итн.) има делумна доверба во граѓанските организации.

mentimetar 1 768x415

Мнозинството од учесниците сметаат дека донаротите во голема мера ја познаваат работата на ГО, за разлика од Владата и државните институции кои делумно ги разбираат и познаваат заложбите во граѓанскиот сектор.

mentimetar 2 768x437

Учесниците во групи, дискутираа за ваков систем за саморегулација и се осврнаа на прашања поврзани со легитимитетот, сегашната структура, но и институционализацијата на кодексот во граѓанските организации.

Сите учесници се согласија дека Кодексот нуди  основни насоки и правила за работата на граѓанските организации кои се едноставни за толкување и примена. Кодексот ќе ги подобри организациите, ќе придонесе за зголемување на довербата на граѓаните и донаторите во граѓанските организации, ќе влијае кон создавање подобра слика за секторот, а со транспарентноста ќе и се овозможи на јавноста да има преглед во активностите и постигнувањата во опшеството.

Во следната фаза претставниците на граѓанските организации детално ќе ја разгледаат нацрт верзијата на Кодексот и ќе ги испратат своите сугестии за подобурвање.

Оваа работилница е дел од активностите кои ги спроведува МЦМС, преку програмата „Одржливо граѓанско општество- државно финансирање за граѓански организации“ која е финансирана од Европската Унија.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Грантистите на Цивика мобилитас дискутираа за придобивките од саморегулацијата