Европската приказна на земјата е можна со притисокот на медиумите и граѓанските организации - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Европската приказна на земјата е можна со притисокот на медиумите и граѓанските организации PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 01 shkurt 2021 17:44

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Телевизија Телма денеска, 29.01.2021 година, одржаа онлајн конференцијата на тема „Улогата на медиумите и граѓанските организации во процесот на интеграции во ЕУ“. 

zavrshna konferencija mcms telma

„Многу е тешко да се прават реформи, многу е тешка битката за правда, борбата против корупцијата и авторитарните тенденции ако нема слобода на медиумите“, рече во своето воведно обраќање Никола Димитров, заменик претседател на Владата на РСМ задолжен за европски прашања на денешната Конференција. Според него, слободата на медиумите е предуслов за движењето на општеството напред. Зборувајќи за граѓанскиот сектор тој истакна дека „има исклучително важна улога во демократизацијата на општеството и како извор на знаење и како контролор и критичар на власта“.  

Според вицепремиерот Димитров, медиумите и граѓанските организации можат да го направат неопходниот притисок, контрола и критика што се многу нужни за вистински прогрес. „Реформите се за нас, за македонските граѓани“, рече тој, самиот процес на пристапување, како процес е поважен од самата цел. Ако утре станеме членка на ЕУ, работите нема значајно да се сменат. Работите ќе с сменат ако нашето општество стане нормална европска демократија каде ќе има независно судство каде работата на медиумите ќе биде врвен приоритет каде правната држава ќе овозможи и економски развој и ќе резултира со просперитетна демократија“, истакна тој.

Во своето обраќање на конференцијата, Амбасадорот на ЕУ во РСМ, НЕ Дејвид Гир (HE David Geer) истакна дека процесот на пристапување е сеопфатен и задира во сите сегменти на општеството. Покрај бенефитите од него, исто така е јасно дека се потребни и прилагодувања кои не секогаш ќе бидат добро прифатени. „Процесот исто така е комплексен и бара мобилизација и развој на значајна експертиза што е многу значајно и, бара ангажман на целото општество“, рече тој и додаде дека секој актер во општеството треба да го преземе својот дел од одговорноста. Амбасадорот Гир истакна дека процесот треба да биде воден локално, од самата држава. ЕУ може д помага и поддржува, но поттикот треба да дојде од самата земја. „Ова е национален проект, и сите треба да бидат ангажирани во него“, рече тој истакнувајќи дека медиумите и граѓанските организации треба да работат на поддршката од јавноста.

Осврнувајќи медиумите и граѓанските организации, Амбасадорката на Шведска, НЕ Кристин Форсгрен Бенгтсон (Kristin Forsgren Bengtsson), истакна дека здрава демократија има силно и живо граѓанско општество, независни и слободни медиуми – „сите вие имате значајна улога во општеството во обезбедувањето на информации базирани на факти, анализи и објективно известување, охрабрување на јавни дебати и организирање на дискусии со политичарите и институциите, подигање на свеста и знаењето за ЕУ и пристапниот процес но исто и барање отчетност за работењето“, рече таа. Според неа, треба да бидеме способни да дадеме искрен поглед за тоа што е ЕУ, кои се придобивките, а кои одговорностите кои произлегуваат од членството. Во тој процес, дискусиите за потребните реформи доаѓаат со придобивките од тие реформи. Амбасадорката Форсгрен Бенгтсон потенцираше дека тие и ЕУ се тука за да и помогнат на земјата во процесот на пристапување.

Учесниците на конференцијата ги поздрави и Шерифе Исмаили Касапи, од Канцеларијата на ООН за проектни услуги (УНОПС) која истакна дека преку изданијата на ЕУро Фокус, голем број граѓани добиле релевантни информации за процесот на пристапување што придонесува не само за транспарентност на самиот процес туку и за информирани граѓани. 

За искуствата од регионот говореше Тања Мишчевиќ, заменик на Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка. „Процесот на станување членка на ЕУ не е процес на една влада, на било која влада, на една партија или коалиција туку, процес на целото општество, на секого од нас. Тоа го прави процесот инклузивен“, рече таа во своето воведно обраќање. Таа се осврна на можните модели на вклучување на граѓанското општество во пристапните преговори кои се практикуваат во земјите во регионот. Зборувајќи за моделот на вклучување на претставници на граѓанскиот сектор во преговарачките структури, таа им предочи на присутните дека во таков случај, овие претставници повеќе не се независни туку стануваат протагонисти на државната политика на пристапување во ЕУ. „Како и граѓанските организации, и медиумите немаат само улога на контрола, застапување, надзор, туку тие исто така се предмет на процесот затоа што се опфатени со дел од поглавјата“, истакна таа.

За постигнувањата на проектот ЕУро Фокус зборуваше Гонце Јаковлеска, координатор на проектот од МЦМС. „Споделивме квалитетни и корисни содржини за процесот на евроинтеграции, отворивме дебати за многу теми и низ нив ја јакневме свеста на граѓаните за овој процес“, рече таа. Таа се осврна на дел од резултатите од истражувањата кои се направени како дел од проектот кои укажуваат на тоа во која насока се движи јавното мислење за евроинтеграциите. 

Настанот го проследија и над 80 претставници на граѓанските организации, медиумите и институциите.

Конференцијата беше дел од проектот ЕУро Фокус што го спроведуваат МЦМС и Телевизија Телма, а финансиски е поддржан од Шведската агенција за меѓународен развој преку проектот Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија кој се имплементира од Канцеларијата на Обединети Нации за проектни услуги.

Погледнете ја целата конференција на тема „Улогата на медиумите и граѓанските организации во процесот на ЕУ интеграции“

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Европската приказна на земјата е можна со притисокот на медиумите и граѓанските организации