Заедничко СООПШТЕНИЕ на ДКСК и Платформата на граѓански организации за борба против корупција |
E mërkurë, 08 prill 2020 13:51 | |||
ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА (во натамошниот текст ДКСК) како независно тело со јасни и со Закон утврдени надлежности за свое постапување, во соработка со ПЛАТФОРМАТА на граѓански организации за борба против корупцијата (во натамошниот текст Платформата), во услови на пандемија на Ковид -19 и вонредна состојба, преземаат активности и го издаваат следното СООПШТЕНИЕ: ДКСК и Платформатa, своите активности ги насочуваат кон:
Во оваа прилика уште еднаш, им посочуваме на службените лица и субјектите од јавниот сектор да ги почитуваат начелата на законитост, интегритет, еднаквост, јавност, етичките норми и професионалните стандарди при извршување на своите јавни овластувања и должности. Согласно овие начела службените лица:
Сакаме да истакнеме дека во услови на криза, постојат зголемени ризици од корупција, за што сведочат досегашни кризи од помали размери како во нашата, така и во други држави. Оттука, ќе се посвети внимание на јавните набавки, дистрибуцијата на државна помош и донациите, како и работата на инспекторатите. Очекуваме дека институциите ќе сторат сѐ, во внатрешните процедури кои се пишуваат врз основа на уредбите со законска сила да бидат вградени соодветни антикорупциски механизми, водејќи се од начелата на етичност, непристрасност и транспарентност. Дополнително очекуваме дека ќе се води јавна евиденција на примателите на државна помош (по различен основ) и донации, добавувачите во јавните набавки и субјектите на инспекциските проверки.
|