Активности од граѓанските организации поврзани со КОВИД-19 |
E martë, 31 mars 2020 17:53 | |||
Во време кога целиот свет мора да се прилагоди на новонастанатата ситуација со коронавирусот, граѓанските организации се меѓу првите кои ја препознаваат итноста и преземаат солидарни чекори во своите заедници. Тие се соочени со предизвикот да ги затворат своите канцеларии, да ги приспособат нивните услуги на изолацијата, како и да покажат високо ниво на иновативност. Цивика мобилитас започна да ги следи и објавува на едно место активностите на граѓанските организации кои произлегуваат од кризата со цел да ги споделуваме позитивните примери во нашето општество. Доколку и вашата организација делува во овие моменти, ве повикуваме да ги споделите вашите активности поврзани со КОВИД-19 на https://civicamobilitas.mk/covid-19/
|