Достапни се прашањата и одговорите поврзани со повикот за грантови за транспарентност на граѓански организации - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Достапни се прашањата и одговорите поврзани со повикот за грантови за транспарентност на граѓански организации PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 24 mars 2020 15:20

Проектниот тим даде одговори на вкупно 59 прашања кои беа поставени на информативната сесија за повикот за грантови за транспарентност и беа доставени по електронски пат. Прашањата и одговорите можете да ги преземете на следниот линк: https://www.otcetnigo.mk/wp-content/uploads/2020/03/prasanja-i-odgovori-za-povikot11.03.2020.pdf

dostapni se prashanata i odgovorite povrzani so povikot za grantovi za transparentnost na graganski organizatsii

Целокупните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во упатството за аплицирање и Измените и дополнувањата на Упатството за аплицирање. Самата апликација се состои од:

Рокот за поднесување на апликациите е 31 март 2020г., до 16:00 часот Апликациите може да се доставуваат само по електронски пат на адресата Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë со назнака: „Јавен повик за грантови 11-26/1-2020“. Една организација може да се јави како апликант во само една апликација.

Целта на овој повик е да овозможи зајакнување на капацитети на граѓанските организации за транспарентно работење. На овој повик може да се пријават организации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации најмалку една година пред објавата на повикот. Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на грантовите за транспарентност изнесува 52.000 евра (3.198.000,00 МКД). Планираните средства за распределба во рамките на овој повик изнесуваат 28.000 евра (1.722.000,00 МКД). А, ќе се доделат најмалку седум грантови во износ до 4.000 евра (246.000 МКД) по грант. За овој повик организациите кои ќе поднесат предлог-проект треба да обезбедат кофинансирање.

Повикот е дел од програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ која ја спроведува МЦМС во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а е финансирана од Европската Унија.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Достапни се прашањата и одговорите поврзани со повикот за грантови за транспарентност на граѓански организации