Избрани локалните ментори за институционалните грантисти на Цивика мобилитас - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Избрани локалните ментори за институционалните грантисти на Цивика мобилитас PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 01 tetor 2019 16:04

Учесниците кои влегоа во потесниот круг на програмата „Менторство за организациски развој“ успешно ги завршија активностите поврзани со развој на вештини и на знаење и со тоа станаа ментори на новата генерација институционални грантисти на Цивика мобилитас.

20190930 mentori civika

Сунчица Саздовска, Љупка Симоновска- Шулц, Иван Јованов и Маја Смилевска, се локалните експерти кои ќе ги поддржуваат институционалните грантисти во развој на нивните Планови за организациски развој. Досега, тие ги надградуваа нивните способности за да им го пренесат знаењето и вештините на организациите, но и кај нив да изградат чувство на сопственост врз Плановите кои ги подготвуваат преку партиципативен процес. Избраните ментори ќе имаат улога на тренери, консултанти и фацилитатори во партиципативното планирање

Предноста на овој пристап на менторство од локални лица е можноста за повеќе состаноци лице в лице и посети на терен, преку кои се гради поцврста врска со организациите, а процесот може да се скрои врз основа на нивните засебни потреби. Ваквиот развој во програмата за учење произлезе од искуството во претходната фаза на Цивика мобилитас, а истиот е на задоволство на новите грантисти и ментори.

Фокусот на процесот кој претстои ќе се однесува на анализирање на лидерството во организациите, како и анализа на нивната ефективност и промените кои треба да се направат за остварување на визијата, мисијата и целите кои организацијата се стреми да ги постигне во насока на остварување на позитивни општествени промени.

Програмата „Менторство за организациски развој“ е дел од инструментот за учење во рамки на Цивика мобилитас. Активностите за градење капацитети на институционалните грантисти имаат за цел оспособување на грантистите за поефективно остварување позитивни општествени промени; зголемување на нивната свест за да предизвикаат позитивно влијание врз општеството, како и зајакнување на нивните капацитети за да имаат влијание во секторите во кои се активни.

 

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Избрани локалните ментори за институционалните грантисти на Цивика мобилитас