МЦМС се вклучи во регионалниот проект на Цензура плус од Хрватска - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС се вклучи во регионалниот проект на Цензура плус од Хрватска PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 30 shtator 2019 12:38

Организацијата Цензура плус од Хрватска го вклучи МЦМС, како и други организации од Западен Балкан и Европската Унија во спроведувањето на проектот „Одржливост на хуманистичките вредности и демократските принципи = Одржливост на ЕУ " чии активности се одвиваа од 2017 до 2019 година.

MCMS se vkluchi vo regionalniot proekt na Cenzura plus od Hrvatska 1 compressor

Во рамки на овој проект, МЦМС на 24 април 2019 година организираше предавање на темата „Пристап до ЕУ и други фондови“ на Универзитетот Мајка Тереза во Скопје . Студентите имаа шанса да се информираат за можностите за финансирање кои се достапни во земјата и тековните политики и стратегии на донаторите. Тие изразија интерес за фондовите достапни за универзитети кои би им овозможиле збогатување на нивните истражувачки портфолија и изразија  подготвеност за градење партнерства со други меѓународни истражувачки институти, универзитети и граѓански организации.

На 25 април 2019 година, во просториите на МЦМС се одржа координативен состанок за реформирање на државниот систем за финансирање на граѓански организации. На состанокот учествуваа претставници од 17 граѓански организации кои дискутираа на две главни теми:

  1. Предизвици во врска со државното финансирање на ГО;
  2. Клучните насоки  за развој на државниот систем за финансирање на ГО.

Состанокот претставува заеднички напор на граѓанските организации за реформа на системот на државно финансирање на ГО.

MCMS se vkluchi vo regionalniot proekt na Cenzura plus od Hrvatska 2 compressor

Овие активности беа спроведени во рамки на проектот „Одржливост на хуманистичките вредности и демократските принципи = Одржливост на ЕУ " кој го спроведува организацијата Цензура плус од Хрватска во партнерство со организации од Западен Балкан и ЕУ. Овој проект е финансиски поддржан од  ЕУ - Програмата Европа за граѓаните според решението број 2017-1484/001-001.

Повеќе информации за проектот и спроведените активности можете да видите на следните линкови:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme МЦМС се вклучи во регионалниот проект на Цензура плус од Хрватска