Оглас за сместување на студенти од македонската дијаспора (28 јуни - 19 јули 2019) - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Оглас за сместување на студенти од македонската дијаспора (28 јуни - 19 јули 2019) PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 24 prill 2019 11:26

МЦМС ги поканува семејствата од Скопје, кои имаат можност и сакаат, да се пријават и изразат интерес за обезбедување сместување и храна за студенти од македонската дијаспора кои како дел од програмата „Родум од Македонија“ ќе престојуваат во Македонија во периодот од 28 јуни до 19 јули 2019 година

Oglas za smestuvanje na studenti od makedonskata dijaspora

За време на престојот младите ќе извршуваат практична работа во организации/институции /компании во Скопје, со цел да стекнат различни вештини согласно нивните академски цели. Сместувањето во семејства ќе им овозможи да бидат во допир со нашата култура, да се запознаат со нашето секојдневие и најважно, да создадат трајни пријателства. 

„Родум од Македонија“ се организира по петти пат. По успешните четири години, кога можноста ја искористија четворица студенти во првата година, шест во втората, осум во третата и пет во четвртата, оваа година во која прославуваме пет годишен јубилеј од постоењето на програмата, интересот е најголем. 

Со обезбедувањето на три-неделен дом за некој од заинтересираните студенти, вие ќе му овозможите да се приближи до неговите корени и неговото разбирање на културата и традицијата на Македонија. Вашиот интерес да бидете домаќини на еден од студентите, можете да го искажете на следниот маил: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë најдоцна до 31 мај 2019 година.

Потребните услови кои секое семејство треба да ги исполнува се наведени во Документот за согласност. За сместување на студентите е предвиден паричен надомест од 100 американски долари.

„Родум од Македонија“ е дел од глобалниот проект „The Macedonian Heritage Village“, што го спроведува Обединета македонска дијаспора (ОМД)

По изборот на младите учесници од дијаспората во оваа програма, ќе ги известиме сите заинтересирани семејства кои се пријавиле со надеж за успешно поврзување.

За сите дополнителни информации може да не контактирате на тел. 072 226-144 или е-пошта: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë  

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Shpallje Оглас за сместување на студенти од македонската дијаспора (28 јуни - 19 јули 2019)