Организациите со здруженост и транспарентност до помала политизираност - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Организациите со здруженост и транспарентност до помала политизираност PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 21 shkurt 2019 16:49

„Трендот на довербата во граѓанското општество опаѓа од 2013 година наваму, но опаѓа и во останатите чинители во општеството. Интересно е што граѓанскиот сектор има повисока доверба од политичките партии. Од друга страна, доминантниот став на граѓаните е дека политичките партии ги искористуваат граѓанските организации кога имаат интерес, а кога не, ги обвинуваат како блиски на другата страна. Оттука сакавме да го покренеме ова прашање за нашата соработка со политичките партии и како граѓаните гледаат на тоа“, рече во својот воведен говор Емина Нурединоска од Македонскиот центар за меѓународна соработка на денешната (21.2.2019) дебата „Политички активни, партиски независни – граѓанските организации во интерес на јавноста“.

Organizaciite so zdruzhenost i transparentnost do pomala politiziranost 1

Гордан Георгиев, универзитетски професор, говореше за односите меѓу политичките партии и граѓанските организации, како и за успешното ревитализирање на здруженијата по Шарената револуција. Во иднина очекува дека ќе се намали обемот на партиите, дека тие ќе станат помобилни, помалку клиентелистички, како резултат на пристапувањето кон ЕУ. Тој напомена и дека е потребно Парламентот да ја има улогата на агора или „гумно“, каде што граѓанските организации ќе дебатираат со политичките партии за да се избегне етикетирањето до кое може да дојде ако тоа се прави во седиштата на партиите.

Organizaciite so zdruzhenost i transparentnost do pomala politiziranost 3

Катерина Хаџи-Мицева Еванс, од Европскиот центар за непрофитно право, ги пренесе практиките од ЕУ, каде е оставено земјите сами да ги регулираат овие прашања, а најчесто ограничувањата се поврзани со финансирањето на политичките партии од страна на граѓанските организации. Фактор што може да влијае на ограничувањата на граѓанските организации во вршењето политички активности во некои од земјите е дали организацијата има статус на организација од јавен карактер за кои постојат поголеми ограничувања во вршењето политички активности.

Нејзино мислење е дека треба да се дозволени политички активности за граѓанските организации, вклучително и влијание за време на избори, но најбитно е организациите да бидат транспарентни за мотивот – односно зошто се впуштаат во таква соработка, што очекуваат за заедницата чии интереси ги застапуваат како резултат на нивните активности со политичките партии. Кога се транспарентни, потешко е да се етикетираат и полесно го бранат својот легитимитет.

Organizaciite so zdruzhenost i transparentnost do pomala politiziranost 2

Ирена Иванова од Делегацијата на ЕУ, говореше за соединување на интересите на граѓанските организации и зборување во заеднички глас, бидејќи политизирањето е полесно во фрагментирано општество. „Решението на проблемот е во она што сега ни се случува. Можеби не е со динамиката којашто ние ја сакаме и не е со резултатите што ги очекуваме, меѓутоа гледам сѐ поголема свест на граѓанските организации дека тие се проактивниот дел на општеството што треба да ги поместува границите и да го модернизираат нашето општество“, додаде таа.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Организациите со здруженост и транспарентност до помала политизираност