Прв повик за акциски грантови во новата фаза на Цивика мобилитас |
E martë, 26 shkurt 2019 15:03 | |||
Граѓанските организации како и непрофитните научно-истражувачки установи можат да се пријават на повикот за акциски грантови на Цивика мобилитас најдоцна до 25 март 2019 година, во 16 часот. Предложените акции треба да придонесат кон целите и резултатите на Цивика мобилитас, односно кон општествени промени кои се водени од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, од кои произлегува потранспарентно, отчетно и социјално-инклузивно управување на национално и локално ниво. Времетраењето на активностите од овој повик треба да биде помеѓу 12 и 24 месеци, а големината на грантот треба да биде помеѓу 1.000.000 и 1.800.000 денари. Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë најдоцна до 10 март 2019 г. Цивика мобилитас ќе одржи една информативна сесија за овој повик чиј датум, време и место ќе бидат објавени на: www.civicamobilitas.mk Целиот оглас можете да го видите на: https://civicamobilitas.mk/povici/cm-akt-04/
|