Владата и граѓаните во расчекор за тоа што е поважно - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Владата и граѓаните во расчекор за тоа што е поважно PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 30 maj 2018 15:51

Целосно или донекаде задоволни од работата на новата Влада се 49% од испитаниците, додека, воопшто или донекаде незадоволни се вкупно 47,4%. Изедначен е и процентот на испитаници кои сметаа дека ситуацијата во земјата во изминатата година се движи во негативна (36,8%) односно во позитивна (35,1%) насока. Ова го покажа најновото истражување на МЦМС и Телевизија Телма посветено на годишнината од воспоставувањето на новата влада.

Vladata i gragjanite vo raschekor za toa shto e povazhno

Министерството за надворешни работи најдобро си ја работи работата, сметаат 9,3% од граѓаните, а според 18,2%, Министерството за здравство, е тоа што најлошо си ја работи работата. 

Владата и граѓаните се во расчекор за тоа што е од најголема важност. Прашањето на името (36,3%) и интеграциите во ЕУ и НАТО (22,4%) се двете области на кои Владата посветила најмногу внимание. Граѓаните пак, сметаат дека она на што треба да посвети внимание се зголемувањето на работните места (26,8%) и економскиот развој (25%).

Гледано низ поединечните мерките што ги презема Владата, единствено кај интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО (58,1%) и образованието (48,5%) граѓаните се во поголем процент целосно или донекаде задоволни, отколку што се донекаде или целосно незадоволни. Незадоволството е поголемо (делумно или целосно) кај мерките за економски раст и вработеност (59,5%), кај зголемувањето на минималната плата (61,0%), кај сузбивањето на корупцијата и криминалот (60,3%), кај реформите во судството (59,0%), кај подобрувањето на јавната администрација (50,8%), кај унапредување на здравствените услуги (63,6%), кај подобрувањето на инфраструктурата (52,8%) и кај активностите за успешно спроведување на попис (59,8%).

За МЦМС и Телма, анкетата ја спроведе М-проспект. Податоците за последната анкета беа прибирани со телефонска анкета во периодот од 15 до 23 мај 2018 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1052 испитаници. 

Истражувањето е дел од проектот „Топ тема на ваша страна“, што го поддржа УСАИД.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Владата и граѓаните во расчекор за тоа што е поважно