ДКСК прифати дел од препораките кои произлегоа од проектот „Следење на работата на ДКСК“ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

ДКСК прифати дел од препораките кои произлегоа од проектот „Следење на работата на ДКСК“ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 27 prill 2018 14:38

Доколку корупцијата и организираниот криминал се разгледуваат како состојби кои имаат иста позадина и бараат поврзани мерки за нивно сузбивање, се доаѓа до заклучок дека тие за граѓаните се подеднакво голем проблем како и егзистенцијалните прашања - покажа Извештајот за проценка на корупцијата од 2018 г. Дополнително резултатите покажуваат дека граѓаните не се оптимисти дека се можни позначајни позитивни промени во поглед на намалување на корупцијата и тоа е проследено со ниската доверба во институциите (особено кај ДКСК, кај судовите и кај ЈО) задолжени за спречување и гонење на корупцијата. Ваквата состојба негативно може да влијае врз успехот на актуелните и на идните антикорупциски јавни политики. 

DKSK prifati del od preporakite koi proizlegoa od proektot Sledenje na rabotata na DKSK

Резултатите меѓу другото покажуваат дека мнозинство граѓани (63,7%) сметаат дека ДКСК ги штити интересите на поединци, наспроти 12,7% кои веруваат дека ги штити интересите на граѓаните. Споредбата со резултатите од 2017 покажува дека има намалување за 15,5 процентни поени (од 28,2% на 12,7%) во верувањето дека ги штити интересите на граѓаните. Ова може да се толкува како пад на довербата на јавноста во ДКСК во однос на примарната улога - да го штити јавниот интерес. 

МЦМС ја Следеше на работата на ДКСК 18 месеци и ги информираше граѓаните за неа. Предмет на интерес беа: постигнувањата, транспарентноста и отчетноста. За да ги приближи резултатите до граѓаните, МЦМС креира лесно читливи инфографици и видеа. 

На тој начин, граѓаните и другите засегнати страни можеa да се запознаат со улогата на ДКСК во борбата против корупцијата и нејзиниот начин на функционирање. Во основа на овие визуелни форми на информирање се извештаите за работата на ДКСК.

Првиот е Извештај за состојбата го опфаќа периодот од 2006г. – 2015г.  Тој понатаму служи како основа за споредба на податоците секое следно тримесечје. Исцрпните информации од извештајот се сублимирани во две и пол минутно видео за Ефектите од работењето на ДКСК. Резултатите од следењето на работата на ДКСК за периодот октомври - декември 2016г. како и резултатите од анкета се дел од Првиот квартален извештај.

МЦМС подготви четири квартални извештаи, за јануари – март, април – јуни, јули - септември и октомври - декември 2017 г.  и истите ги сублимираше во две видеа „Што сработила ДКСК во првите шест месеци од 2017 година“ и „Kои се постигнувањата на ДКСК во второто полугодие од 2017 година“. Покрај тоа, постигнувањата во овие квартали се визуелизирани во четири инфографици (1, 2, 3, 4).

За подготовка на извештаите се применува матрицата на индикатори која ја подготви МЦМС  во соработка со Центарот за изучување на демократијата (ЦИД) од Бугарија. 

Секој извештај содржи заклучоци и препораки за соодветниот период. Дел од нив беа прифатени од страна на ДКСК што придонесе да се подобри работење во дел од областите во кои е идентификувано потфрлање. Според Розета Трајан, државен секретар во ДКСК,  неспроведувањето на дел од препораките е резултат на објективни и субјективни фактори и останува истите да бидат исполнети во иднина.  

preporaki

Подготовката на овие продукти беше дел од проектот „Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата“ што го спроведува МЦМС, а финансиски беше поддржан од Британската амбасада во Македонија.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme ДКСК прифати дел од препораките кои произлегоа од проектот „Следење на работата на ДКСК“