Здравственото осигурување треба да покрива и услуги од приватното здравство - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Здравственото осигурување треба да покрива и услуги од приватното здравство PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 21 dhjetor 2017 15:45

Најголем број од граѓаните (33,8%) со добар три ја оцениле состојбата во јавното задравство во Македонија, покажа најновото истражување на МЦМС и Телевизија Телма посветено на перцепциите на граѓаните за јавното здравство. Речиси идентичен е процентот на оние што го оцениле со 4 или 5 и оние што го оцениле со 1 и 2. 

moj termin anketa 2017

Над 60% од граѓаните ја користеле услугата „Мој термин“ во последните 12 месеци. Најголем број од испитаниците (19,2%) рекле дека успеале да закажат за помалку од три дена. За екстремот на другата страна од оската, „за повеќе од шест месеци“ се изјасниле 2,4% од испитаниците. За речиси половината од испитаниците (49,1%) закажаниот термин бил навремен, додека за 22,5% бил задоцнет. Самата услуга, најголем број од испитаниците што дале оценка, ја оцениле со највисока оценка (22,3%), а најниска оценка дале вкупно 10,7% од граѓаните. 

И покрај високите оценки за услугата „Мој термин“, вкупно 68,2% од испитаниците потполно или донекаде се согласуваат со изјавата дека не може да се закаже преглед кај специјалист доколку нема познат, односно врски во јавното здравство.

Мнозинство од граѓаните (67,4%) сепак сметаат дека приватниот здравствен сектор нуди поквалитетни услуги и повисока професионалност, но, според речиси 62% од испитаниците тој е недостапен заради високите цени. Големо мнозинство, односно 91,0% од испитаниците сметаат дека здравственото осигурување треба да покрива и услуги од приватното здравство.

Што се однесува до достапноста на лековите од позитивната листа, побројни се испитаниците кои сметаат дека тие лекови се достапни постојано (57,7%).

Најголем број од граѓаните (38,6%) сметаат дека јавното здравство малку се грижи за лицата со ретки болести. Покрај тоа, мнозинството од од испитаниците сметаат дека лицата со хендикеп не се третираат соодветно во јавното здравство и дека јавните здравствени установи во Македонија не се прилагодени за лица со хендикеп. Ова се однесува и на јавните здравствени услуги кои, смета мнозинството, не се прилагодени за лицата со хендикеп.

За МЦМС и Телма, анкетата ја спроведе М-проспект. Податоците за последната анкета беа прибирани со телефонска анкета во периодот од 11 до 18 декември 2017 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници. Истражувањето е дел од проектот „Топ тема на ваша страна“, што го поддржа УСАИД.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Здравственото осигурување треба да покрива и услуги од приватното здравство