Започна надворешната оценка на МЦМС |
E enjte, 28 janar 2016 10:07 | |||
Достигнувањата на МЦМС во претходните 10 години ќе бидат предмет на надворешната оценка што започна на 22 јануари 2016 година. Оценката ќе биде основа за разговорите за главните дилеми и отворените прашања за понатамошниот развој на организацијата. Извештајот ќе биде основа и за следниот стратешки план на МЦМС 2016-2020 година. Процесот на оценување треба да ги опише и истражи визијата и мисијата, догорочните цели, да процени колкаво ќе биде нивото на промена на стратешкиот фокус на МЦМС, да ги истражи односите со целните групи, донаторите, институциите. Покрај тоа, со оценката ќе се препорача дали би се трасформирале методите на работа, постои ли потреба од организациска трансформација и дали некои порано актуелни портфолиа повторно би се интензивирале. Оценувачите ќе го анализираат контекстот, документацијата и ќе направат повеќе групни и индивидуални интервјуа со претставници на органите на управување и персоналот на МЦМС, претставници на донаторите, институциите, корисниците како и со експерти поврзани со областите во кои работи МЦМС. Херман Снелдер и Фрауке де Виејер се експертите од Холандија кои ги ангажираше МЦМС да ја направат надворешната оценка на организацијата.
|