Демографија на корупцијата: поглед кон „заробената држава“ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Демографија на корупцијата: поглед кон „заробената држава“ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 22 qershor 2015 15:41

Автор: Миша Поповиќ
Дата: септември 2015
PDF MK: demografija-na-korupcijata-pogled-kon-zarobenata-drzhava.pdf
PDF EN: demography-of-corruption-overview-of-the-state-capture.pdf

demografija-na-korupcijata-pogled-kon-zarobenata-drzhavaМерењето на распространетоста на корупцијата преку анкетни истражувања претставува основа за отпочнување активности со кои ќе се оценува успешноста на антикорупциските активности во општеството. Во таквите истражувања потребно е да се мерат три основни сфери: перцепцијата за распространетоста на корупцијата, праксата и вклученоста во корупција и ставовите на населението по овој феномен.

Имајќи информации за овие три аспекти, можеме да конструираме три основни заклучоци. Преку вклученоста го мериме минималниот опфат на корупцијата во едно општество.  Со тоа, можеме да обезбедиме конзервативна процена за тоа колку граѓани биле вклучени во корупција, односно колку таа е распространета. Преку перцепцијата се добива пошироката слика, каде испитаниците го искажуваат својот став за тоа во колкав обем гледаат или мислат дека институциите не функционираат онака како треба - во функција на јавниот интерес. Преку ставовите на населението за одредени форми на корупција, можеме да видиме во која мера таа е „нормализирана“ како општествена пракса – односно во колкава мера коруптивното дејствување е прифатено и толерирано.

Меѓутоа, при анализите кои произлегуваат од ваквите истражувања, особено е важно да се согледаат низ призмата на демографските категории за да се воочи дали во различен обем корупцијата влијае на различни групи. Основа за оваа анализа е анкетното истражување за корупција спроведено од Македонскиот центар за меѓународна соработка на почетокот на 2014 година.  Ова истражување, базирано на системот за следење на корупција од Центарот за студии на демократијата од Софија, претставуваше основа за изработка на Извештајот за процена на корупцијата (Нурединовска et al., 2014). Една од главните придобивки на оваа методологија е збирот на резултатите во индекси на корупцијата со кои на олеснет начин се анализираат резултатите поделени во шест различни димензии на феноменот на корупцијата.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Демографија на корупцијата: поглед кон „заробената држава“