Извештај за проценка на корупцијата во Македонија - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Извештај за проценка на корупцијата во Македонија PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 14 tetor 2014 15:52

Автори: Емина Нурединоска, Марија Саздевски, Борјан Ѓузелов
Дата: октомври 2014 г.
ISBN: 978-608-4681-25-0
PDF на македонски јазик: izvestaj-za-procenka-na-korupcijata-vo-makedonija-2014.pdf
PDF на англиски јазик:   corruption-assessment-report.pdf

izveshtaj-za-procenka-na-korupcijata-vo-makedonijaИзвештајот за проценка на корпцијата претставува сеопфатен преглед на состојбата и динамиката на корупцијата во Република Македонија. Основата на овој извештај е Системот за следење на корупцијата (ССК) развиен од Центарот зa изучување на демократијата (ЦСД) од Бугарија. ССК се заснова на различни извори на информации и ги комбинира квантитативните и квалитативните методи за следење и процена на корупцијата. Обединетите нации (ОН) го имаат признаено ССК како систем со најдобри практики за следење на корупцијата на национално ниво и е во согласност со пристапот за виктимизација на ОН за мерење на нивото на административна корупција.

Извештајот е сочинет од седум дела. Во првиот дел е анализирано нивото на корупција во Македонија врз основа на наодите од две анкети: со население и со претставници од деловниот сектор. Во овој дел, преку седум индекси даден е одговор за актуелното искуство на граѓаните со корупцијата, за нивните ставови кон корупцијата и за перцепциите за корупцијата. Антикорупциските политики и правната рамка се презентирани во вториот дел, додека институционалните практики и спроведувањето на законите се опфатени со третиот дел. Четвртата тема на овој извештај е улогата на судството во справувањето со корупцијата, а петтата се занимава со опкружувањето и влијанието на ефектите од коруптивните дела врз развојот на економијата. Шестиот и седмиот дел се однесуваат на грѓанското општество и неговата улога во борбата против корупцијата, како и меѓународната соработка и поддршка за анти-корупциските политики и мерки.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Извештај за проценка на корупцијата во Македонија