Уште повеќе информации на www.ogledalonavladata.mk |
E premte, 04 korrik 2014 11:27 | |||
Сите информации за активно вклучување во подготовката на законите сега можат да се најдат на редизајнираната веб страна www.ogledalonavladata.mk. Веб-страницата треба да придонесе кон зголемување на учеството на јавноста во процесите на подготовка на закони. Таа им е наменета на граѓаните и граѓанските организации, од една, и на министерствата и државните службеници одговорни за процесите на подготовка на предлог-закони, од друга страна. Основни информации за процесот и роковите за проценка на влијанието на регулативата (ПВР) се сместени во делот Информирај се за процесот на подготовка на закони, а јавноста може да се вклучи во коментирање на предлог прописите објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР). На страната се поставени и резултатите од следењето на почитувањето на пропишаниот рок за консултации со јавноста за предлог-законите објавени на ЕНЕР. Објавениот број отстапки за секое министерство ќе им овозможи и на министерствата и на државните службеници да видат каде се во вкупната слика на почитување на роковите за консултации со јавноста. На веб страницата се објавуваат и редовните неделни и месечни прегледи и квартални извештаи од следењето на ЕНЕР. Проектот „Огледало на Владата” се спроведува во рамките на Програмата на УСАИД за анти-корупција, спроведувана од МЦМС и партнерските организации.
|