Како се трошат парите од европските проекти - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Како се трошат парите од европските проекти PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 23 qershor 2014 00:00

На 19 и 20 јуни 2014 година, во Букурешт, Романија се одржа работилница посветена на набљудувањето на трошењето на парите од европските проекти. Беа презентирани извештаи од набљудувањата во Романија, Молдавија и Македонија. Романскиот Центар за независно новинарство започнал со ваквото набљудување уште  во 2002 година, а за Молдавија и Македонија ова беше првиот таков извештај.

20140619 142842

Податоците за 2013 година покажуваат дека во Романија видливо биле огласени 76 милиони евра, од кои за 31 милион се склучени договори. Имајќи предвид дека медиумскиот пазар во Романија е околу 300 милиони евра, средства од ЕУ учествуваат во него со 10%. Дел од проблемите што се констатирани во истражувањето се однесуваат на јасноста на описите на надлежности. Постои дилема дали нивниот квалитет е резултат на недостаток на капацитет или можеби со таквиот квалитет се прави обид за замаглување на критериумите. Извештајот констатира и поврзаност на добитниците на поголемите повици.

Во Македонија и Молдавија средствата што ЕУ ги наменува за проекти поврзани со медиумите се далеку пониски.

Истражувањето во Молдавија го нагласува главниот ризик - недостатокот на транспарентност и притоа ги акцентира проблемите со законската регулатива и неразбирањето на концептот за конфликт на интереси. Средствата на ЕУ, засега главно се насочени во инфраструктурата, јавното здравство и земјоделието. За подобрување на транспарентноста промовирана е платформа на која се објавуваат сите проекти кои се спроведуваат со основните податоци за нив. Потребата од ваква алатка ја оправдуваат 50-те илјади посети за три месеци по објавувањето на платформата.

IMG 1564

Што се однесува до Македонија, во извештајот се констатира дека фондовите од ЕУ кои се користат за медиуми треба да имаат прифатливо ниво на транспарентност, а вкупните суми за огласување да бидат објавени. Ваквите информации може да бидат корисни во проценката на ефективноста на визуелните компоненти и целокупната инвестиција на ЕУ во нејзиниот имиџ во Македонија. Македонија ја има усогласено регулативата за јавни набавки со таа на ЕУ, но проблем е што купувањето на медиумски простор е изземено од стандардните процедури за јавни набавки. Ова влијае на транспарентноста за тоа како се употребени јавните пари. Иако Македонија го има усвоено Поимникот за јавни набавки (Common Procurement Vocabulary) тој не се применува. Неговата примена во голема мерка ќе го олесни пристапот до информации за тоа колку од средствата биле наменети за  проекти поврзани со медиумите.

Македонскиот извештај го подготви и на работилницата го презентираше Миша Поповиќ, од Институтот за демократија Социетас цивилис, Скопје. Гонце Јаковлеска од МЦМС ги презентираше искуствата на МЦМС и МРФП во спроведувањето на проекти финансирани од ЕУ низ призмата на правилата за набавки, компонентите за видливост и предизвиците со објективизација на изборот на медиуми за проектни активности.

Учесниците ги компарираа наодите од трите земји и разговараа за инструментите за следење како и за планот за застапување.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Како се трошат парите од европските проекти