Односите со Бугарија - извештај од анкета на јавно мислење - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Односите со Бугарија - извештај од анкета на јавно мислење PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 10 janar 2014 11:06

[Прес-соопштение] bugarijaМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија (ИДСЦС) за прв пат го спроведоа истражувањето „Глобално водство, соседство и односи со Бугарија“, кое треба да послужи за информирана јавна дебата за предизвиците на Македонија во натамошните евроатлантски интеграции. Со ова соопштение ги објавуваме наодите од третиот дел на истражувањето, во кој се испитувани ставовите на граѓаните за односите на Македонија со Бугарија.

Историјата (30%) и нејзиното толкување (20,9%), според граѓаните се најголема пречка за поинтензивна соработка меѓу Македонија и Бугарија, а потоа следат и националните политичари (12%) поради нивни теснопартиски интереси. За јавните и информирани личности пречка е и лошата инфраструктурна поврзаност, a за етничките Албанци од значење се и културните разлики (21,5 %).

За големо мнозинство граѓани (87,8 %) е важно да се подобрат односите/ соработката меѓу Македонија и Бугарија. За да се подобрат односите меѓу Македонија и Бугарија граѓаните сметаат дека е потребна соработка во културата, забавата и спортот (32,8 %), подобрување на инфраструктурата и граничните премини (18,5 %) и пристап до медиумите на двете држави (12,4 %), заеднички учебници по историја (10,6 %), прослава на заеднички настани и херои (6,5 %), додека скоро секој петти граѓанин (19,2 %) не знае или е без одговор.

Граѓаните немаат перцепција за заеднички историски личности. Граѓаните ги сметаат како македонски повеќето личности за кои Бугарија исто така смета дека се дел од нивното историско наследство како Св. Кирил и Методиј (83,3% сметаат дека се македонски),  Св. Климент (87,1%), Гоце Делчев (88%), Јане Сандански (81,6%) итн. Јавните и информирани личности како заеднички ги перципираат Св. Кирил и Методиј (73 %) и Цар Самоил (47 %).

Големо мнозинство (74,7 %) граѓани поддржува реципрочно решавање со договорот за добрососедство на прашањето за соодветните малцинства во Македонија и во Бугарија.

Постигнувањето на договор за добрососедство е од голема важност за граѓаните (85,4%) и посакуваат тој брзо (за една годна) да се постигне, но сепак очекуваат дека тоа ќе се случи на среден рок (две до пет години). Големо мнозинство од граѓаните на Македонија (87,5 %) очекуваат Бугарија да ја поддржи Македонија во натамошните интеграции во ЕУ.

Преземи го извештајот од истражувањето.

Испитувањето на јавното мислење направено преку теренска анкета во периодот 15 ноември – 1 декември 2013 г на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници со +/- 3 % грешка. Анкетата  ја спроведе М-проспект, чија одговорност беше и нејзината методолошка исправност.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Односите со Бугарија - извештај од анкета на јавно мислење