20 години МЦМС |
![]() |
![]() |
![]() |
E enjte, 21 nëntor 2013 10:29 | |||
Почитувани пријатели,
Јубилеите се време кога се навраќаме на почетоците, се потсетуваме на претходните години и остварувањата во нив, на предизвиците со кои сме се соочиле на решенијата до кои сме дошле. Јубилеите се одлична можност да им заблагодариме на сите кои биле вклучени во оваа успешна приказна, но и сами да си оддадеме признание за постигнатото. Денес започнуваме со едно такво навраќање. Во 20-дневната кампања ќе потсетиме на постигнувањата на МЦМС. Секој ден ќе пласираме по една карактеристична приказна произлезена од некој од многуте спроведени проектите. За крај ги оставаме презентациите за вкупните постигнувања на МЦМС. Во декември ќе го прославиме јубилејот и ќе си посакаме уште многу предизвици кои ќе не водат, уште многу вредни и посветени луѓе кои ќе работат на остварување на нашите цели и уште многу соработници со кои ќе ги оствариме новите постигнувања. Македонски центар за меѓународна соработка http://www.facebook.com/mcms.mk
|