Општа доверба и доверба во институциите 2024 |
![]() |
![]() |
![]() |
E mërkurë, 26 shkurt 2025 14:37 | |||
Автор: Фанија Ивановска
Истражувањето е спроведено со теренска анкета на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници во периодот од 20 април до 25 мај 2024 година. Поголем дел од прашањата се засновани на искуствата и глобалните истражувања за социо-културните норми: Европската студија на вредности; Европскиот барометар; и Цивикус – Индексот на граѓанското општество. Другиот дел од прашањата се од претходните истражувања на МЦМС, кои ја испитуваа довербата и општествената одговорност на граѓаните. Популациската рамка на примерокот беше население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност беа: пол, етничка припадност, возраст, место на живеење и региони. Од 1.000 испитаници, 50,7% беа жени, а 49,3% мажи. Во однос на етничката застапеност етничките Македонци беа застапени со 73,4%, етничките Албанци со 19,5%, другите етнички групи беа застапени со 7,1%. Во однос на местото на живеење, селската популација беше застапена со 38,0%, додека градската со 62,0%. Целосен преглед на примерокот е даден во прилогот. Собраните податоци се обработени со честота и пропорција на одговорите. Податоците се со ниво на доверба од 95% и со грешка од +/- 3%. Резултатите се прикажани во графикони на ниво на целиот примерок. Освен со графикони, податоците се прикажани и во бројки. Исто така се прикажани покрај бројките и трендовите во однос на претходното истражување спроведено во 2021 година, за оние податоци кои се споредливи со нив. Исто така за подобрување на анализата на податоците се употребени одредени индекси.
|