Стратегија за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Стратегија за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 25 korrik 2013 12:01

seldi coverМрежата „Водство за развој и интегритет во Југоисточна Европа“ (СЕЛДИ) подготви Стратегија и акциски план во кои се дефинираат мисијата и целите на СЕЛДИ до крајот на 2016 година. Документите содржат и конкретните активности на мрежата.

СЕЛДИ е отворена иницијатива и има тенденција постојано да се шири и да привлекува граѓански организации, креатори на политики и други засегнати страни, кои може да придонесат за остварување на нејзините цели, да споделат искуства и да ги поддржат мерките за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа (ЈИЕ). Мисијата на СЕЛДИ е јакнење на капацитетите на граѓанските организации во регионот за соработка, следење и влијание врз доброто владеење и корупцијата во Југоисточна Европа и Турција преку јавно-приватно партнерство.

Стратегијата и Акцискиот план на СЕЛДИ треба да послужат како план на мрежата, но исто така и како вредносна изјава, со која може да се привлечат нови партнери и да се информираат и мотивираат другите засегнати страни. Фокусот во акцискиот план е на подобрувањето на опкружувањето за граѓански активизам и за дијалог меѓу државата и граѓанско општество на национално и регионално ниво. При подготовката на Стратегијата и акцискиот план на СЕЛДИ беа консултирани 140 засегнати страни во областа на антикорупцијата (ГО, креатори на политики, меѓународни организации, истражувачи и новинари од девет земји) кои дадоа значителен придонес.

Стратегијата е достапна на повеќе јазици на веб-страницата на мрежата www.seldi.net. Таа е дел од проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитетите за мониторинг, застапување и подигнување на јавната свест“, финансиран од Европската Унија. Во проектот се вклучени 17 граѓански организации од девет држави од регионот (Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција). Носител на проектот е бугарскиот Центар за изучување на демократијата (ЦИД), а македонски партнери во овој проект, покрај МЦМС се и Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје и Институтот Охрид. Македонската верзија на Стратегијата финансиски е поддржана од „Проектот на УСАИД за борба против корупцијата“, имплементиран од МЦМС.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Стратегија за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа