Со дискусии до најприоритетните проблеми |
E enjte, 20 qershor 2013 12:21 | |||
На 18 јуни 2013 година, во Спомен домот АСНОМ во Делчево се одржа втората сесија од меѓуопштинскиот форум за Македонска Каменица и Делчево. На сесијата беше презентирана анализата на темата „Собирање смет“ за која потоа, граѓаните идентификуваа проблеми и можни решенија за нив. Според дискусиите, голем приоритет за граѓаните е решавањето на проблемот со застарени возила и опрема за собирање смет, но и селекцијата на сметот и подигањето на свеста на граѓаните за тоа. Граѓаните активно учествуваа во текот на целата сесија споделувајќи ги своите мислења, ставови и искуства поврзани со темата. Еден од нив, Малин Трајчевски изразувајќи го своето задоволство од форумот изјави дека е сигурен дека оваа дискусија „до крајот на последнат сесија ќе доведе до решавање на најгорливиот проблем од областа на собирањето отпад во регионот на Делчево и Македонска Каменица“. И Перса Стојановска смета дека ваквата дискусија води кон „дефинирање на најважниот проблем кој ги тишти граѓаните на двете општини.“ Идентификуваните проблеми и можните решенија ќе бидат добра основа за работната група која меѓу двете форумски сесии ќе работи на подготовка на концепти за предлог проекти. Тие ќе бидат презентирани на третата форумска сесија што ќе се одржи на 16 јули 2013 година, во Македонска Каменица.
|