Очекуваме и од овој циклус да се изродат одлични идеи! |
E hënë, 29 tetor 2012 15:35 | |||
Околу 130 граѓани на општина Аеродром на 26 октомври 2012 година, во спортската сала во ОУ Љубен Лапе ја одржаа трета форумска сесија од програмата Форуми во заедниците. Претставниците од работната група ги презентираа предлозите за зголемување на приходите на општина Аеродром за 2013 година, а по дискусијата, форумот ги усвои. Граѓаните го разгледаа и дискутираа за Прегледот на реализираните расходи на општината за тековната и за претходните години, а беа презентирани и дискутирани и расходите за Програмата за развој на образованието за 2013 година и за Програмата за социјална заштита за 2013 година. Граѓаните дадоа вкупно 44 предлози за расходите по двете програми. На посебна работилница, општинската администрација заедно со претставници од граѓаните ќе ги разгледа можностите за вклучување на овие предлози во редовното работење општината. Граѓаните со несмален интензитет ги посетуваат сесиите и дискутираат за можностите за подобрување на нивното секојдневие. „Премногу сум задоволна од целиот форумски процес и од предлозите што се даваат. Нашето училиште во минатиот циклус ги реновираше прозорците токму преку оваа програма. Затоа и во овој форумски процес сме активно вклучени и очекуваме и од овој циклус да се изродат одлични идеи. Целосно го подржувам процесот и препорачувам во иднина да стане пракса“, вели Билјана Индова, директор на ОУ Браќа Миладиновци. И за Васе Канзуров придобивките од форумите се јасни и видливи. „Се подобрува влијанието на граѓаните во практикувањето на власта затоа што цел¬та е доближување на општината до потребите на граѓаните и гласачите и наметнување на оп-штината како сервис на граѓаните, а не обратно граѓаните да бидат извршители на пред¬ло¬зите на општината“, вели тој. Следна, четврта форумска сесија, граѓаните се договорија да ја одржат на 7 ноември 2012 година. На сесијата ќе ги разгледаат расходите по останатите три програми кои беа избрани од страна на граѓаните на втората форумска сесија.
|