ЗАКОНОТ ЗА БРАНИТЕЛИТЕ - краток осврт на политиките за реинтеграција |
E diel, 28 tetor 2012 00:00 | |||
[Прес соопштение] Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во согласност со својата мисија и во рамките на редовните програми и активности, ги следи и анализира актуелните општествени случувања, прави истражувања и предлага решенија за проблемите. По повод Законот за бранителите, изготвен е краток осврт на политиките за реинтеграција, преку преглед на литература, интервјуа и (во соработка со Институтот за демократија) испитување на јавното мислење. Погледнете го целиот извештај од истражувањето. Актуелната дебата во однос на поднесениот предлог на Закон за бранителите, го третира праша-њето на реинтеграција на поранешните учесници во конфликтот. Тоа прашање во однос на браните-лите, веќе е претходно делумно уредувано со истоимен закон (2002 г.) и негови измени (2003, 2004, 2007 г.), а во однос на припадниците на ОНА, со програми за реинтеграција на разни меѓународни и домашни организации (2001-2006 г.). Прашањето на реинтеграција е дел од поширокиот концепт на Обединетите нации за разоружување, демобилизација и реинтеграција (ДДР), за кој во последните неколку години се воспоставени меѓународни практики и стандарди (http://www.un.org/en/peacekeeping). Во Македонија, по конфликтот од 2001 година, со Охридскиот рамковен договор беа предвидени првите два елементи од ДДР, но има многу малку одредби за реинтеграција (главно за ревита-лизација на кризните региони и враќање на раселените лица). Mнозинство граѓани (78%) сметаат дека е оправдано донесување на нов Закон за бранителите. Поделеноста се појавува на прашањето за законски одредби за права на поранешните припадници на ОНА, каде 90% етнички Албанци се „за“, додека мнозинство кај сите други етнички заедници е „против“. Големо мнозинство граѓани (83%) смета дека е оправдано донесување законски одредби за права на цивилните жртви без оглед на нивната етничка припадност. Земајќи ги предвид меѓународната пракса и стандарди, досегашните искуства, како и мислењето на јавноста, можни се неколку чекори за конструктивно надминување на ситуацијата:
|