Политичката криза треба да се реши во институциите - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Политичката криза треба да се реши во институциите PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E shtunë, 29 shtator 2012 00:00

МЦМС и Институтот за демократија (ИДСЦС) спроведоа истражување со кое беа мерени перцепциите и ставовите на граѓаните во врска со актуелни аспекти на политичката криза, поклонување пред споменикот на ОНА во Слупчане и потребата од извинување. Потребата од истражувањето се наметна со отворањето на јавната дебата за овие случувања. Истражувањето треба да овозможи во неа да се внесат емпириски податоци со што ќе се помогне аргументирано да се оценат општествените случувања во земјата.

istrazuvanje14172012

Истражувањето покажа дека мнозинство од испитаниците (58%) сметаат дека поклонувањето на споменикот на ОНА во Слупчане, од страна на Министерот за одбрана Фатмир Бесими, не придонесува кон помирувањето во земјата. Гледано низ призмата на етничка припадност процентите се поизразени. Вкупно 74% од испитаниците етнички Македонци сметаат дека постапката на министерот не придонесува кон помирување, за разлика од 80% од испитаниците етнички Албанци кои сметаат дека оваа постапка придонесува кон помирување.

На прашањето дали министерот треба да се извини за постапката, резултатите се слични како на претходното прашање. Вкупно 60% од испитаниците сметаат дека има потреба од извинување, а 29% сметаат дека нема потреба. Скоро осум од секои десет испитани етнички Македонци (78%) сметаат дека министерот треба да се извини. Кај етничките Албанци се забележува обратното, односно осум од десет испитаници (83%) сметаат дека министерот не треба да се извини.

Согласност меѓу испитаниците етнички Македонци (51%) и етнички Албанци (48%) постои за тоа дека кризата во владината коалиција треба да се надмине низ институциите. Вкупно гледано, мало малцинство од испитаниците (15%) смета дека се потребни предвремени парламентарни избори, а во слична мера (13%) е застапено и мислењето дека кризата може да се разреши со нова Влада без ВМРО-ДПМНЕ. Еден од секои десет испитани граѓани (10%) се изјаснил дека не постои криза.

Испитувањето на јавното мислење е направено преку телефонска анкета од страна на ИДСЦС од 14 до 17 септември 2012 г. на репрезентативен примерок од 1.100 испитаници со ± 3 % грешка.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Политичката криза треба да се реши во институциите