Комуникациски вештини |
E diel, 10 shkurt 2008 13:45 | |||
„Не можете да не комуницирате!“, ова е првото правило што го одредува текот на комуникацијата. Комуникацијата е процес на испраќање пораки и примање одговор од примателот за тоа како тој/таа ја примил/а пораката. Со учество на оваа обука ја научите важноста на ефикасното и ефективно комуницирање при водењето на состаноци, постигнување најмногу од состаноците, приоретизирајќи ги резултатите и целите кои треба да се постигнат. Кон крајот на обуката учесниците ќе бидат способни да: направат разлика помеѓу добра и лоша комуникација; идентификуваат фактори кои можат да бидат препрека во комуникацијата; употребуваат техники за елиминирање или намалување на причините кои доведуваат до пречки во комуникацијата; ги толкуваат и применуваат пораките пренесенувани преку говор на телото; применат активно слушање и поставување прашања; разберат и можат да го применуваат концептот на позитивна/негативна повратна информација-фидбек; одредат сопствениот стил на личност и да ги препознаваат другите стилови на личности; знаат елементите на добра комуникација во работната средина; стекнат вештини за планирање и водење на ефективни состаноци/настани. Содржина
|