Започна студиската посета од Северна Ирска посветена на медиумите |
E hënë, 03 tetor 2011 09:26 | |||
Од денес, па до 6 октомври 2011 година ќе се одвива студиската посета на новинари и граѓански активисти од Северна Ирска на Македонија. Ова е возвратна посета, откако новинари и граѓански активисти од Македонија ја посетија Северна Ирска во јуни оваа година. Посетата е дел од проектот МОСТ што го спроведуваат МЦМС и Mediation Northern Ireland (MNI) од Северна Ирска. Целта на проектот е да се споделат добрите практики помеѓу клучните институции во Северна Ирска (и пограничните подрачја на Република Ирска) и Република Македонија во четири различни тематски сектори: полиција и правда, локална самоуправа, религија и медиуми. За време на посетата, гостите од Северна Ирска ќе се сретнат со граѓански организации кои работат на проекти поврзани со медиумите и прашањата на надминување на конфликтите, ќе имаат средби во повеќе печатени и електронски медиуми и ќе посетат дел од подрачјата каде што се одвиваше конфликтот во 2001 година.
|