Форуми во заедницата Ресен и Битола - извршно резиме - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Форуми во заедницата Ресен и Битола - извршно резиме PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 06 nëntor 2008 11:00

Законот за локална самоуправа го дефинира “непосредното учество на граѓаните” како поединечно или колективно вклучување на жителите на општината во одлучување за работи од локално значење во различните нивоа на одлучување (член 2).

dum302-forumi-vo-zaedniciteВо Македонија сеуште постои пракса на пасивност за граѓанското учество на локално ниво. Граѓаните се воздржани кога станува збор за недостатоците, за недоволниот број или нискиот квалитет на јавните услуги, за непочитување на уставните права и тие многу малку учествуваат во развојот и дефинирањето на јавната политика. Уште повеќе, не е вообичаено јавните институции да ги консултираат или да ги вклучат граѓаните или граѓанските организации во креирањето на политиката.

Јавните дискусии за состојбите и потребите на граѓаните на локално ниво се основа за развој и афирмација на граѓанското учество и начин на практикување на партиципативно и отчетно добро владеење на локалната самоуправа.

Општа цел на проектот е подобрени услуги за граѓаните во заедниците преку зголемена одговорност на институциите, граѓанските организации и граѓаните.

Цел на проектот е воспоставување на партиципативни пристапи во заедниците.

Целна група на проектот се граѓаните од општина Ресен и општина Битола.

Целното подрачје ја опфаќа територијата на општините Ресен и Битола.

Очекувани резултати на проектот се: Развиени вештини и ставови на граѓаните и ЕЛС за активно учество на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво, и спроведени проекти избрани на форумите.

Активностите преку кои ќе се постигнат горенаведените резултати се: Одржување на форумски дискусии, Обука за проектно планирање, Обука за формулација на проекти, Обука за подготовка на буџети, и Финансирање и набљудување на спроведувањето на проектите избрани на форумите.

Основната претпоставка за реализирање на целите во рамките на проектот е транспарентно и отчетно работење на локалните самоуправи, стекантите знаења и вештини од форумскиот процес да најдат практична примена во системите и процедурите на локалните самоуправи и да бидат искористени на најдобар можен начин во подобрување на функционирањето на ЛС.

МЦМС има одговорност за управување на проектот, а заедно со општина Ресен и општина Битола имаат одговорност за негово спроведување.

За остварување на целите на проектот можни ризици се: немотивираноста на граѓаните масовно/во доволен број континуирано да присуствуваат на форумскиот процес. Исто така, небалансирано родово, етничко и старосно учество исто така може да биде ризик за неопфат на дел од интересните страни. Капацитетите на локалната самоуправа и локалните партнери посебно во процесот на реализацијата на избраните проекти на форумот ќе биде значаен влијателен фактор за успешноста, навременста и квалитетот на изведбата на проектите.

Временскиот период на спроведување е од 21 октомври 2008 до 30 април 2010 год.

Финансискиот план на проектот изнесува 16.365.474 МКД.

МЦМС обезбедува 10.965.474 МКД (директни трошоци) средства кои се донација на СДЦ од Швајцарија.

Останатите средства се сопствено директно учество на: Општина Ресен во износ од 2.000.000 МКД, Општина Битола во износ од 2.000.000 МКД, партнерите на селектирани проекти во о.Ресен во износ од 800.000 МКД и партнерите на селектирани проекти во о.Битола во износ од 600.000 МКД.

Завршен извештај од проектот

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Форуми во заедницата Ресен и Битола - извршно резиме