Анализа на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор (ОРД) |
E martë, 03 gusht 2010 14:57 | |||
Охридскиот рамковен договор (ОРД) е тема која во последно време се повеќе добива на значење од различните политички партии во Македонија. Во изминатиов период се појавија најразлични изјави на политичките претставници во однос на ОРД, од тоа дека е потребен нов договор, но и изјави од повеќе домашни и меѓународни актери кои истакнуваа дека ОРД е добро дизајнирана рамка и дека едноставно е потребно да се зголемат напорите за негово целосно спроведување. Тоа е и една од одредниците кои Република Македонија треба да ги исполни за започнување на преговори за членство во Европската Унија. Во овој контекст проектот настојува да овозможи целосна анализа на договорот, која ќе придонесе за подобрување на дијалогот помеѓу политичките претставници и граѓанскиот сектор во однос на значајноста од целосното спроведување на сите аспекти од ОРД. Анализата треба исто така да ги нагласи и скорешните недостатоци и да предложи методи за нивно надминување. Општа цел на проектот е да прионесе кон поефикасно спроведување на ОРД на локално и на централно ниво. Специфична цел на проектот е да се зајакне дијалогот помеѓу локалните и централните власти, политичките партии и граѓанските организации, базиран на анализата на имплементацијата на ОРД во сите негови сегменти. Примарна целна група се локалните и националните власти и претставниците на граѓанските организации. Секундарна целна група е општата јавност, медиумите и други актери. Директни корисници на проектот се: претставници на СИОФА, членовите на Комитетот за одоси со заедниците, членовите на општинските совети, претставниците на локалните комисии за односи помеѓу заедниците, политичките партии, локалните и националните граѓански организации активни на ова поле и меѓународните актери. Проектот ќе резултира во проценка на степенот на имплементација на ОРД од нормативна анализа до неговото практично спроведување и ќе овозможи дијалог помеѓу различни политички претставници и граѓанскиот сектор во однос на тешкотиите и пречките при спроведувањето, а воедно и ќе предложи мерки за нивно надминување. Воедно проек-тот ќе резултира и во јакнење на капацитетите на институциите чијшто фокус ОРД. За постигнување на овие цели и резултати, преку проектот ќе бидат реализирани следните активности: редовни состаноци помеѓу партнерите, преку 5 консултативни средби со претставнци на СИОФА, до 3 средби со претставници на општинските совети, воспоста-вена методологија за спроведување на истражувањето, мониторирани преку 20 седници на општнските совети во Гостивар, Струга и Дебар, подготвена и испечатена анализа во 500 примероци на македонски, албански и англиски јазик, 3 работилници во селектираните општини, 3 тренинга за интеркултурен дијалог во селектираните општини, 3 средби на парламенарната лоби група, 2 обуки за парламентарната лоби група и една национална конференција. Детална табела со временскиот распоред на спроведување на активностите е дадена во апликацијата. Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните резул-тати се дека: постои подготвеност од локалните и централните власти, политичките партии и граѓанските организации да учествуваат во сите фази на проектот; дека кај граѓанските организации кои се активни на ова поле постои интерес за формирање на мрежа преку која би ги адресирале проблемите и би влијаеле; дека во скоро време ќе бие креирана стратегија за соработка на СИОФА со граѓанскиот сектор; дека основните човекови права се осигурани. Активностите ќе бидат спроведувани во координација со вклучените граѓански организации, а пред се со АДИ. МЦМС во консултации со вклучената организација е одговорен за донесувањето на одлуките и спроведување на проектот. Проектот е многу сложен и вклучува хетерогени корисници, односно претставници од сите сектори во општеството. Вкупните трошоци на проектот без оперативните и индиректните трошоци на МЦМС изнесуваат 3.594.685 МКД од кои МЦМС учествува со 3.164.625 МКД, а АДИ учествува со 430.060 МКД.
|