Развивање партнерства и вмрежување во пограничниот регион со Албанија - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Развивање партнерства и вмрежување во пограничниот регион со Албанија PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 21 korrik 2011 16:05

Обуката за Партнерства и вмрежување - предизвици и можности наменета за граѓанските организации од пограничниот регион во Македонија и Албанија.

Развивање партнерства и вмрежување во пограничниот регион со Албанија

МЦМС од 14 до 17 јули 2011 година во Маврово организираше обука на тема „Партнерства и вмрежување - предизвици и можности“. Обуката беше наменета за граѓанските организации од пограничниот регион во Македонија и Албанија и е дел од проектот „Прекуграничен форум на граѓански организации“, финансиран од Европската Унија, во рамките на компонентата за прекугранична соработка на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), а во партнерство на МЦМС, Институтот за демократија и медијација (ИДМ)  и Еколошкото друштво „Дешат“-Дебар.

На обуката учествуваа 20 претставници на граѓанските организации од Македонија и Албанија.

Учесниците имаа можност да се запознаат со важноста на вмрежувањето и партнерството и да се стекнат како со теоретските знаења, така и вештините и алатките за подобрување на соработката меѓу граѓанските организации. Знаењата и контактите коишто ги остварија учесниците од двата погранични региони ќе им овозможат на учесниците да го зајакнат својот организациски капацитет за градење ефективни коалиции, партнерства и вмрежување во рамките на граѓанското општество, но и со другите сектори и прекугранично.  Во текот на обуката имаше практични вежби кои бараа од учесниците меѓусебната интеракција, којашто им овозможи подобро меѓусебно запознавање, кое ќе биде корисно за идната можна соработка.

Како последователна активност во последниот квартал од 2011 г. ќе се одржи работилница во Албанија, чија цел е практична примена на алатките претставени на обуката, како на пример идентификување и развивање релевантни механизми за соработка во пограничниот регион и планирање на можните партнерства и вмрежување.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Развивање партнерства и вмрежување во пограничниот регион со Албанија