Како може моето претпријатие да донира? |
Вашата донација покажува дека сте добар корпоративен граѓанин, дека вашето претпријатие се грижи за луѓето и за заедницата во која делува. Со донацијата покрај што им помагате на оние кои имаат потреба, ја градите и свеста кај вашите вработени, но и нивниот морал. МЦМС се залага и ја поддржува општествената одговорност на претпријатијата. Во таа насока веќе има остварено долгорочна финансиска поддршка за своите активности од претпријатија. Од 2007 г. МЦМС соработува со Сокотаб, а подоцна и со Филип Морис за реконструкција на повеќе основни училишта во руралните заедници, уредување на нивните дворови, како и за набавка на наставни средства и помагала во рамките на Проекти за модернизација на образованието. Како може да донирате за МЦМС?
Доколку вашата донација е за наш проект од јавен интерес можете да користите даночно поттикнување, намалување на даночната основа, согласно Законот за донации и спонзорства во јавни дејности. Даночното поттикнување се однесува на данокот на добивка и е соодветно на големината на дадената донација/спонзорство до онаа големина кога не преминува преку 5 % за донации и преку 3% за спонзорства од вашиот вкупен приход. Ние ќе ги подготвиме потребните документи и ќе ја водиме процедурата за стекнување на даночното поттикнување. Контактирајте нѐ на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it Како да донирате?
Одберете за што ќе донирате:
|