„ЗАКОНОТ ЗА БРАНИТЕЛИТЕ“ - краток осврт на политиките за реинтеграција - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

„ЗАКОНОТ ЗА БРАНИТЕЛИТЕ“ - краток осврт на политиките за реинтеграција PDF Print E-mail

Автор: Александар Кржаловски
Дата: Октомври 2012
PDF: zakonot-za-branitelite-kratok-osvrt-na-politikite-za-reintegracija.pdf

zakon-za-braniteliМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во согласност со својата мисија и во рамките на редовните програми и активности, ги следи и анализира актуелните општествени случувања, прави истражувања и предлага решенија за проблемите.

Овој осврт е посветен на едно од тие актуелни прашања – политиките на реинтеграција, во случајов на поранешните учесници во конфликтот од 2001 година. Непосреден повод беше поднесувањето до Собранието на предлог-закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, во јавноста познат и како „Закон за бранителите“.

Постапката на донесување на законот и дебатата околу него повеќе од два месеци креираат тензии на етничка основа, а решение не се наѕира. Овој осврт има за цел да придонесе во надминувањето на проблемот, со воведување елементи на споредби со меѓународните практики и перцепциите на јавноста. Дел од анализата, во делот на истражувањето на јавното мислење, е направена во соработка со Институтот за демократија Социетас цивилис (ИДСЦС) од Скопје.

 

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home Our Work Research & Publications Researches