Извештај за процена на корупцијата во Северна Македонија 2020 - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Извештај за процена на корупцијата во Северна Македонија 2020 PDF Print E-mail

Автори: Емина Нурединоска, Јасмина Ристовска, Наташа Иваноска
Дата: јануари 2020
PDF: izveshtaj-za-procena-na-korupcijata-vo-severna-makedonija-2020.pdf

izveshtaj za procena na korupcijata vo severna makedonija 2020Во рамките на проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за мониторинг, застапување и подигање на јавната свест“, МЦМС го објавува „Извештајот за процена на корупцијата во Северна Македонија“. Извештајот е заснован на Системот за следење на корупцијата (ССК) кој за првпат беше спроведен во Северна Македонија во 2001 година во рамките на споредбената анализа на корупцијата во Југоисточна Европа спроведена од страна на мрежата на граѓански организации „Лидерство за развој и интегритет во Југоисточна Европа“ - СЕЛДИ (Southeast Leadership for Development and Integrity - SELDI). Обединетите нации (ОН) го имаат признаено ССК како систем со најдобри практики за следење на корупцијата на национално ниво. Тој е во согласност со пристапот за виктимизација на ОН за мерење на нивото на административна корупција, се заснова на различни извори на информации и ги комбинира квантитативните и квалитативните методи за следење и процена. МЦМС подготви извештај за процена на корупцијата во 2014 г. и во 2016 г., како дел од програмата на УСАИД за антикорупција и во 2018 г. како дел од проектот Следење на работата на ДКСК поддржан од Британска Амбасада.

Целта на овој извештај е врз основа на видувањата и искуството на граѓаните да се прикажат состојбите, динамиката и трендовите со корупцијата во Северна Македонија, како и перспективата и потенцијалот за нејзино сузбивање.

Наодите од истражувањето укажуваат дека перцепциите за корупцијата останале непроменети споредбено со 2014 г., 2016 г. и 2018г., а нивоата на коруптивен притисок и виктимизација се намалени. Македонската јавност како и во изминатите години останува склона кон прифаќање на корупцијата како општествена норма. Постои влошување во скоро сите анализирани сегменти, освен во тоа дека граѓаните биле помалку изложени на коруптивен притисок, а со тоа и во вклучување во коруптивни активности. Голем број професии се перципирани како висококорумпирани, а корупцијата е широко навлезена во голем број сектори и пред сè во оние кои се клучни за справување со корупцијата. Ова води и кон намален оптимизам дека постои политичка волја и подготвеност на иституциите за справување со корупцијата во Северна Македонија.

Во овој извештај прикажан е описот на применетата методологија и е даден детален преглед за искуството, свесноста и перцепцијата на граѓаните за корупцијата, а презентирано е и видувањето за потенцијалот за справување со корупција. 

 

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home Our Work Research & Publications